Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Едни избори за две приказни за Турција

Се чини дека турската демократија, таква каква што е, преживеа и таа ќе биде силата што ќе ја одреди иднината на земјата на крајот на овој месец со резултатите од вториот круг на претседателските и парламентарните избори.

Мирјана ВАСИЛЕВА

На 28 мај во Турција ќе се одржи вториот круг од парламентарните и претседателските избори од чии резултати ќе зависи каков пат ќе трасира турската држава за својот развој.

Според  анализите на дел од турските  медиуми, останувањето или заминувањето на турскиот претседател Ердоган и неговата Партија за правда и развој (АКП),  многу ќе влијае на натамошните односи на Турција со Европската Унија, на состојбата со демократијата во оваа земја, но и за начинот на кој Анкара како ќе се однесува за трите прашања како што се подршката на украинските  напори против руската агресија, справувањето со мигрантската криза на таканаречената „Балканска рута“ , како и за конечниот расплет на војната во Сирија.

Ердоган не го доби потребниот број гласови, и за прв пат откако настапува на избори, не победи во првиот круг. Сега се подготвува да излезе на мегдан со својот предизикувач, кандидатот на кемалистичката Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу.

Опозицијата, освен што достави до изборната комисија голем број поплаки за многу нерегуларности во повеке изборни единици, ја повика младата популација масовно  да излезе  на 26 мај и да одлучи кој ќе ја води државата во наредниот петогодишен мандат. 

Актуелниот претседател на Турција изјави дека сега е време успехот што го постигнале тој и неговата партија на 14 мај да се заокружи со победа на 28  мај, „со дозвола на Алах“, како што многу често потенцираше Реџеп Таип Ердоган за време на кампањата. 

Во исчекување на вториот круг на претседателските избори во Турција, светските медиуми , посветуваат внимание на политичката актуелна состојба во земјата, но и на портретирањето на лидерите на двете најголеми партии во земјата како претседателски кандидати.

Според  анализите на дел од турските  медиуми, останувањето или заминувањето на турскиот претседател Ердоган и неговата Партија за правда и развој (АКП),  многу ќе влијае на натамошните односи на Турција со Европската Унија, на состојбата со демократијата во оваа земја, но и за начинот на кој Анкара како ќе се однесува за трите прашања како што се подршката на украинските  напори против руската агресија, справувањето со мигрантската криза на таканаречената „Балканска рута“ , како и за конечниот расплет на војната во Сирија.

Речиси едногласно сите ја ппишуваат  Турција како земја на поделено оштество, главно на конзервативни и либерали, потсетувајки на политичките биографии на Ердоган и на Киличдароглу.

Приказна за две Турции

Реџеп Таип Ердоган потекнува од сиромашно конзервативно семејство кое, како што самиот тој јавно објасни во 2003 година, потекнува од Грузија, односно Аџара, југозападна автономна република населена со Грузијци кои го прифатиле исламот за време на отоманското владеење. Во подоцнежните медиумски настапи, тој повеќе не го истакнуваше овој аспект на неговото потекло.

Иако првично сакал да студира како исламски теолошки студии, дипломирал бизнис школа што подоцна ќе се трансформира во Економски факултет на Универзитетот во Мармара. Иако некои противници го прозваа дека нема автентична универзитетска диплома и затоа не ги исполнува уставните барања турскиот претседател да биде високо образован, никогаш не беа презентирани доволно јасни докази за да се оспори неговиот образовен пат, а наводите за неговите студии беа потврдени од некои поранешни колеги и професори кои сега се членови на опозициските партии.

Периодот за време на 80-тите години, по воениот удар кој ги забрани партиите, Ердоган ги помина во приватниот сектор. Во политиката влезе со формирањето на неговата Партија за правда и развој (АКП), откако го формираше совојот политички светоглед преку религиозното и политичкото милје на Турското Муслиманско братство.

Првично тој беше под духовно влијание на умереното исламистичко, панисламистичко и нео-отоманско движење на Фетула Ѓулен, но ова движење набргу стана мета на прогон на турската држава, односно на Ердоган, коиштио безмилосно ги гонат припадниците на ова движење во земјата и во светот.

Ердоган, кој беше премиер од 2003 до 2014 година, а потоа претседател со премиерите Давутоглу и Јилдирим, ја преобликува модерна Турција. Денешна Турција го напушти кемалистичкиот секуларизам. Активно е вклучена во настаните во Сирија, балансира против Брисел во однос на мигрантите од Блискиот Исток, и сѐ повеќе и повеќе се оддалечува од пристапувањето во Европската унија и усогласувањето со Западот.

Иако воено и помага на Украина, Анкара игра претпазлива игра кон Москва, со која има силни економски врски. Долгото владеење на Ердоган беше оптоварено со корупција, инфлација и последиците од катастрофалниот земјотрес во провинцијата Газиантеп на југоистокот на земјата.

Ердоган го искористи обидот за воен удар во 2016 година за да ја стави армијата под своја контрола, но изврши и големи чистки во неа, полицијата, судството, универзитетите и медиумите, справувајќи се и со секуларните кемалисти и со исламистичките „ѓуленисти“.

Во последниве години, тој беше обвинет за задушување на слободата на медиумите, академската заедница и граѓанското општество, како и за концентрацијата на политичката моќ, заедно со слабеењето на контролните институции, како што е судството.

Киличдароглу ја претставува другата страна на Турција. Роден е на истокот на земјата во семејство на Алеви, хетеродоксна исламска група која ги следи мистичните учења на Хаџи Бекташ Вели. По професија е економист и целиот свој живот го поминал во државната служба, а првата политичка активност му била во кругот на Булент Еџевит, претседателот на Демократската левица и премиер на Турција од 1999 до 2002 година.

Киличдароглу сака да ја врати Турција на патот кон членство во Европската унија, го поддржува приемот на Шведска во НАТО и сака да ја зајакне слободата на говорот во неговата земја, особено во светло на чистките што следеа по обидот за воен удар во 2016 година.

Тој, исто така, сака посилна акција од страна на Турција преку НАТО, но во исто време, го пофали чинот на балансирање на Ердоган помеѓу поддршката за Украина и економската соработка со Русија. Кемалистичкиот лидер го критикуваше турското мешање во Сирија и го поддржува враќањето на сириските бегалци од Турција.

Концетрираната моќ на претседателот и силата на демократијата

По уставниот референдум во 2017 година, со кој Турција премина на претседателски систем на управување, претседателот може да стави вето на одлуките на парламентот, а парламентот може да го отфрли ветото со супермнозинство. Исто така, претседателот може сам да објавува декрети, но парламентот може да ги отфрли доколку донесе закон за истата правна работа.

Сепак, без оглед на сѐ, вклучително и прогонот на Ердоган по обидот за државен удар во 2016 година, неговата интервенција во турскиот устав со неговиот обид да ја зголеми својата моќ и авторитет, разорната инфлација и разорниот земјотрес, се чини дека турската демократија, таква каква што е, преживеа и таа ќе биде силата што ќе ја одреди иднината на земјата на крајот на овој месец со резултатите од вториот круг на претседателските и парламентарните избори.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново