Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Имаме потенцијал целосно да се ослободиме од јагленот, загадениот воздух и увозот на струја и да имаме сопствена евтина струја

Како и речиси сите европски земји, така и Северна Македонија е поттикната значително да ја забрза изградбата на енергетски капацитети од обновливите извори на енергија, да спроведе диверзификација на енергетски извори и со тоа да ја зајакнува на енергетската безбедност.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Студија на МАНУ и на Еко-свест, изработена со поддршка на глобалната организација
The Nature Conservancy покажува дека во Северна Македонија има двојно повеќе земјиште кое е потребно за да се задоволат потребите за електрична енергија во земјата без непотребно влијание врз природата и локалните заедници.

Во Македонија има доволно камењари и неплодни земјишта без поголема вредност за
природата и живиот свет на кои може да се инсталираат соларни панели и ветерници
доволни да произведат електрична енергија со која може да се задоволи и двојно
поголема потреба за струја од сегашната, се наведува во заклучоците на студијата.

Нашата држава, согласно Стратегијата за енергетска независност, веќе длабоко навлезе во енергетска транзиција односно во зеленото сценарио на енергетската транзиција. Европската енергетска заедница ја прогласи Македонија за лидер во енергетската транзиција. Само за две години во државата се изградија речиси 600 МW обновливи извори на енергија од тоа во најголем дел се фотоволтаици, беше изградена уште една ветерна електрана и една биогасна електрана.

„Ништо ново ние не сме измислиле, туку по примерот на Европската Унија и САД, сме договориле инвестиции со цел обезбедување на сигурноста во снабдувањето со електрична енергија, на долг рок, што е обврска на една држава кон своите граѓани. Токму обновливите извори на енергија и високоефикасните когенеративни постројки на природен гас кои произведуваат и електрична енергија и топлина, се поддржани како најважни за енергетската транзиција на Европа, на која и ние припаѓаме. Денес лесно можат да се проверат, еден огромен сет на мерки во земјите членки на ЕУ, за изградба на високоефикасни когенеративни постројки, преку ослободување на даноци, олеснето финансирање, повластени тарифи, грантови и слично. Додека за обновливите извори, со новиот план RePowerEU токму обновливите извори на енергетика, големи инфраструктурни проекти, кои се клучни за енергетската транзиција, се прогласени како стратешки од интерес на Унијата, на кои им се овозможени брзи процедури за градење, меѓутоа и на располагање се над 300 милијарди евра, евтини кредити“, истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи во брифинг за новинарите.

Истражувачите, вклучени во изработката на студијата, користејќи податоци од катастарот, детални мапи за екосистемите, мапи за сончевото зрачење и движењето на ветровите изработија мапа која прецизно ги лоцира местата кои се погодни за изградба на фотоволтаични и ветерни централи во целата држава. Притоа, основен критериум во ова мапирање беше да се исклучат сите заштитени подрачја и сите подрачја важни за биодиверзитетот, целото плодно обработливо земјоделско земјиште, локациите на кои се издадени концесии за експлоатација на минерални суровини и локациите на кои веќе се поставени или е одобрено поставување на обновливи извори на енергија.

Мапа на МАНУ и Еко-свест за соларниот потенцијал

Резултатите укажуваат дека воземјата има доволно површини за нови обновливи извори на енергија без притоа воопшто да има потреба се жртвува ниту плодно земјиште, ниту подрачја кои се важни за природната разновидност или реките.

Според Александар Дединец, автор на студијата како претставник од МАН У, енергетските проекти важни за зелената транзиција ќе можат да се реализираат на точно одредени локации кои нема да бидат во колизија или да ги загрозат биодиверзитетот и природните живеалиштата, како и плодното земјоделско земјиште.

„Во Македонија на најповолни локации можат да се изградат околу 60.000 мегавати соларни централи. Доколку ги исклучиме заштитените подрачја и подрачјата каде што во моментов се ископуваат минерални суровини, останува деградирано земјиште на кое може да се изградат околу 11.000 мегавати обновливи извори на енергија. За споредба, Македонија сега троши околу 8.000 гигават часови енергија, а со потенцијалот во обновливите извори може да да се произведе двојно повеќе енергија од целата наша сегашна потрошувачка“, вели Дединец.

Дединец и Ана Чоловиќ-Лешоска од Еко-свест, сметаат дека мапата на погодни локации за соларни и ветерни централи може да биде голем придонес во процесот на енергетското планирање и државното вложување во инфраструктурата, но и значаен патоказ за инвеститорите.

Мапа на МАНУ и Еко-свест за ветернио потенцијал

„Целта беше да се докаже дека има доволно простор и подрачја каде може да се
инвестира без конфликт со природата и без загрозување на производството на храна“
рече Ана Чоловиќ-Лешоска од Еко-свест.

Според вицепремиерот Битиќи, најдобриот концепт за развојот на енергетскиот сектор, во патот на енергетската транзиција е комбинираните гасни електрани, во комбинација со обновливи извори на енергија, со постепено користење и на хидрогенот како гориво на иднината.

„Значи, колку што се добри обновливлите извори од аспект на заштита на животна средина, од технички аспект во однос на водењето на системите, овие инвестиции во обновливи извори треба да ги следат и инвестиции во електрани кои што ќе дадат и базна енергија, но кои што и ќе дадат и баланс на енергија. Дополнителни, договорите за гасната електрана на Митилинеос, на соларната електрана со агриволтаици Стипион, како и на другите две инвестици во енеретски капцитети, обезбедуваат поевтина струја за наредните 25 години. Формулата којашто сме ја испреговарале гарантира поевтина цена“, потенцира Битиќи.

Како и речиси сите европски земји, така и Северна Македонија е поттикната значително да ја забрза изградбата на енергетски капацитети од обновливите извори на енергија, да спроведе диверзификација на енергетски извори и со тоа да ја зајакнува на енергетската безбедност. Сеопфатните мерки што ќе ги спроведе Европската унија за да се забрза енергетската транзиција се составен дел на планот RePowerEU.

Во овој нов план, RePowerEU, токму обновливите извори на енергетика и големи инфраструктурни проекти, кои се клучни за енергетската транзиција, се прогласени како стратешки од интерес на Унијата, на кои им се овозможени брзи процедури за градење, меѓутоа и на располагање се над 300 милијарди евра, евтини кредити.

Зачлени се на нашиот е-билтен