Пишува: Љубомир КОСТОВСКИ
Вчера во раните утрински часови на МТВ ни се турна пред очи анкета за тоа каков -претседател треба да бираме и одговорот беше – треба да бираме жена! Денес итроманите во првата реченица го поздравија новиот ден од констатација дека поскапел лебот, оризот и сите оние артикли кои беа во замрзнат статус.
Најпрвин, замрзнувањето важи и денес! Потоа од кај знаат дека тие цени веднаш ќе скокнат? Говориме за идно време а за нешто што се случило вчера за водителите да знаат што ќе биде утре и тоа со сигурност..
Телевизијата не е играчка а таквиот вид на скриено политиканство постојано виси над оваа емисија. Тоа што не реагира никој (па уредниците само кон Ковачевски згора и реагираат и ЗНМ, АВМУ, ССНС…). Гледам со новиот ентериер на утринска се обидуваат да бидат духовити и лежерни ама засега им успева да бидат само подмолни.
Извор: Фејсбук профил на Костовски