Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ивановски за Градска.мк: Енергетските компании кои сакаат да инвестираат во Македонија се светски гиганти

Инвестициите во енергетиката не само што се добри туку се и добредојдени бидејќи не знаеме во кој миг производството на струја може да биде критично, како што се случи со енергетската криза претходно, вели за Градска.мк, енергетскиот експерт и првиот претседател на регулаторната комисија за енергетика, Славе Ивановски.

Соња ТАНЕСКА*

– Компаниите кои сакаат да инвестираат во земјава се гиганти во енергетиката, на светско ниво, француската компанија „Акио енерџи“ добива награди за производство на соларна енергија во САД, додека пак „Митилиенеос“ е лидер на европско ниво за обезбедување ретки материјали за обновливи извори на енергија,  и во ЕУ развива проекти чија вредност достигнуваат и до 2.7 милијарди евра, токму затоа треба да сме почестени што вакви компании ќе инвестираат во земјава, додава тој.

Според Ивановски ова ја оптимизира нашата инвестиција во интерконекторот Александрополис, а на север ќе не поврзе со Косово и Србија со што не става во добра енергетска положба бидејќи цените на беразанскиот гас ТТВ во Ротердам ако на дневно ниво се 30 евра за метар кубен, ЕСМ истиот ден во моментот ги набавува за 55-57 евра за метар кубен, а со тоа и топлинската енергија би била пониска.

-Она што треба да се направи е надградба на системот што треба да ја прими оваа енергија. Она што можам да го кажам е дека Германија минатата недела објави тендер за изградба на гасни електрани со намера до 2070 година од овој век да преминат кон употребата на водородот за чие производство е потребна струја, појаснува Ивановски.

Тој исто така додаде дека во ЕУ се прилично популарни  агро-волтаиците кои би ги градела  „АКИО Енереџи“ во Штип којашто ќе ја гради фотоволтаичната централа во Штип инвестира во агро-волтаици што претставува можност за одгледување на земјоделски култури на тоа земјиште каде ќе бидат поставени и на тој начин добиваме вин-вин ситуација.

Утре се гласаат четирите закони, на потег се пратениците

Пред пратениците се законите за четирите стратешки инвестиции, кои веќе ги испровоцираа експертите со својата содржина. Реакциите главно се однесуваат на преголемите предности што им се даваат на инвеститорите, иако според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, тие закони не ја дерогираат останатата регулатива во однос на обврските за даноци и други трошоци.

Во Собранието се предлог-законите за реализација на стратешките проекти: „Соларна електрична централа – Пехчево“, на стратешкиот инвеститор, ХЕК „Солар“ МК ДОО Негрево, Пехчево, вреден околу 51,9 милиони евра, стратешкиот инвестициски проект „Соларен парк Стипион“, на „Остро солар“ ДООЕЛ Скопје за изградба на фотоволтаична централа од 400 мегавати, вредна 270 милиони евра, инвестицискиот проект „Митилинеос“ за когенеративна постројка Скопје и стратешкиот инвестициски проект АИМ „Греен ТЕЦХ“, на стратешкиот инвеститор, АИМ „Греен ТЕЦХ“ ДООЕЛ Скопје, со кој ќе се комбинираат соларна енергија, мотори на гас и можност за батерии за баланс во мрежата.

– На последниот јавен повик се пријавија 16 инвеститори, а беа избрани осум и со сите нив се преговараше. Одобрени се четири, сите од енергетскиот сектор. Петтиот со кој преговорите се во напредна фаза е од областа на туризмот за инвестиција на Попова Шапка. Со останатите три сè уште се преговара, но поради изборите нема да стигнеме до финалето – рече на брифинг со новинарите Битиќи.

Инаку, вкупната предвидена вредност на четирите стратешки инвестиции е 786 милиони евра. Само онаа за изградба на ветерниот парк „Стипион“ на локацијата на неизградениот карго аеродром во Штип, ќе обезбеди 10 отсто од потребите за струја на државата. Компанијата инвеститор АКИО се грижела да не нанесе штета на земјоделците и се откажала од 160 хектари земјиште, а се преговара за уште 10 хектари плодно земјиште, кое не е приватно, ами го користат земјоделците од тој крај.

– За првпат се води сметка за плодното земјоделско земјиште и заедно со Универзитетот во Штип станува збор на регулатива за агроволтаици, за кои досега немаше законска подлога во државата. Инвестицијата на „Стипион“ е 270 милиони евра, а за првпат се вклучува развојна компонента, која не е закон, ами придонес, па така инвеститорот е должен да врати по 1 едно евро во општината од секој метар квадратен за подобрување на социјалната инфраструктура. Парите ќе одат во посебен фонд во Развојната банка, а општините ќе конкурираат за парите со свои проекти. Се очекуваат 2,5 милиони евра годишно од сите 4 стратешки инвестиции само по овој основ – додаде Битиќи.

Тој испрати порака дека изградбата на овој соларен парк нема да влијае врз водоснабдувањето во Штипскиот регион.

Договорено е целата произведена струја од фотонапонскиот парк „Стипион“ со инсталиран капацитет од 400 мегавати и предвидена инвестиција од 270 милиони евра, во следните 30 години да ја откупува ЕСМ по гарантирана цена од 56 евра за мегават час, а балансирањето да оди на заеднички товар на АКУМА и ЕСМ. На таа цена ќе може да се додаде и годишна инфлација од максимум 2 отсто, но согласно инфлацијата на еврозоната. 

Со овие инвестиции земјата станува енергетски независна

Претходно и претседателот на РКЕ Марко Бислимоски истакна дека со овие инвестиции ќе станеме енергетски независни.

„Одлично е што ќе имаме конечно француска инвестиција и заедно со реализацијата и на грчката инвестиција во енергетиката граѓаните може да очекуваат стабилни сметки за струја и пониски сметки за топлинска енергија. Во исто време поради ниската цена ќе се зголеми интересот за приклучување кон мрежата за топлинска енергија и ќе се ослободат количини што ЕСМ ги произведува на ниво од два блока во РЕК Битола. ЕСМ ќе може да продава струја на берза и парите да ги насочи кон инвестиции. Концептот на приватни инвеститори во случајов стратешки е применуван секаде во Европа. Тоа е модел каде приватниот инвеститор гради енергетските капацитети, а енергенсот се откупува по однапред утврдена цена што е пониска од онаа што ја има ЕСМ. Сега ЕСМ ја продава струјата на ЕВН хоме по цена од 58 евра за Mw/h, додека од стратешките партнери ќе изнесува 55 евра за Mw/h. Внимавајте при што доминантно струја е од РЕК Битола од јаглен, чие производство ќе поскапе поради данок од ЕУ од 70/80 евра за Mw/h што значи дека цената ќе достигне до 150 евра. Дај боже да има уште повеќе инвеститори и од увозна земја ќе станеме земја што извезуваме струја. Само во 2023 ја преполовивме количината што се увезува поради приватните инвестиции и тоа е одлична работа“, изјави Бислимоски.

Според досега објавените и познати информации, соларниот парк “Стипион“ ќе ги задоволува потребите за струја на околу 94.000 домаќинства. Инвестицијата вредна 270 милони евра со капацитет за произвоство од 360 до 400 мегавати, а ќе ја реализира француската компанија „Акио Енерџи“ преку Друштвото за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР” – Скопје.

Со капацитет од околу 400 MW, соларниот парк ќе биде најголемиот соларен проект во Источна Европа и помеѓу најголемите во Европа.

Проектот има капацитет од скоро половина од вкупниот инсталиран капацитет на сите термоелектроцентрали во Северна Македонија. Соларниот парк самостојно би задоволувал околу 10% од нето потрошувачката на електрична енергија во државата.

Лоциран на подрачјето за претходно планираниот карго аеродром во Општина Штип, наместо да троши енергија, оваа подрачје сега преку овој проект ќе произведува енергија.

Времетраењето на овој проект е 30 години, што овозможува ниска и контролирана цена на електричната енергија од страна на државата во овој период, избегнувајќи значителни негативни флуктации на енергетските пазари како во претходните години. Ова ќе овозможи и предвидливост и осигурување од енергетска зависност како резултат на геополитички кризи како што е војната во Украина и на Блискиот исток.

„Акио Енерџи“ лидер во примена на концептот агриволтаици

Стратешкиот инвеститор „Акио Енерџи“ е глобален производител на енергија од обновливи извори од Франција и компанија која што има спроведено повеќе од 80 финансирани проекти ширум светот и со повеќе од 450 вработени.

Вкупните инвестиции на „Акио Енерџи“ на крајот од 2021 година изнесувале 2,8 милијарди евра, додека во моментов градат сличен проект од 380 MW во Португалија.

„Акио Енерџи“ е една од првите компании во Франција која го развила и применила концептот на агриволтаици, и успешно го применува на разни проекти во Франција и во останатите делови од Светот.

Имајќи во предвид дека Северна Македонија е погодна за развој на земјоделието, токму овој инвеститор преку овој проект, ќе ни обезбеди додадена вредност како држава, со примена на неговото знаење и искуство, ќе се развие првиот проект на агриволтаици, меѓутоа ќе биде пример за развој и на останати вакви проекти, кои треба да обезбедат и одржливо производство на електрична енергија но и храна и развој на земјоделските култури. Ова е предизвикот на новото време, и токму овој проект обезбедува сигурна иднина на новите генерации.

Обезбедување на финансирањето за реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект е целосно обврска на стратешкиот инвеститор – нема да бидат користени државни средства за реализација на проектот.

Стратешкиот инвеститор обезбеди банкарска гаранција во износ од 8.100.000 евра како обезбедување за реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект, а во согласност со Законот за стратешки инвестиции.

Амбасадорот на Република Франција во земјата Сирил Бомгартнер од своја страна нагласи дека стратешката инвестиција на „Акио Енерџи“, со подрдршка на македонските политики за поттикнување на странските инвестиции, говори за посветеноста на највисоко владино ниво во секоја од нашите земји билатералните односи добија на интензитет на доверба на суштина.

Законот за стратешки инвестиции беше изгласан пред пет години, а на последниот повик што се затвори на 31 јануари 2023 година имаше над 16 различни апликации од кои осум имаат потенцијал да добијат статус на стратешки инвеститор. Седум од стратешките инвеститори се од областа на енергетиката, а еден од областа на туризмот кој е заинтересиран за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Сите четири потенцијални стратешки инвеститори веќе имаат доставено банкарска гаранција, а според бизнис плановите кои ги имаат доставено, вкупно ќе инвестираат 786 милиони евра.

*Соња Танеска е главна и одговорна уредничка на Градска.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен