Коциќ: Пендаровски покажа дека е човек избран од граѓаните и знае да ги процени сите стратешки работи за државата

„После објавата на конкурсот за претседател на државата предложени беа повеќе лица за кои нашите членови сметаа дека треба да бидат кандидати за претседател, меѓутоа проценките, активностите на досегашниот претседател Пендровски, неговите  квалитети, беа пресудни за да ИО донесе одлука тој да биде кандидат на СДСМ на овие избори и во недела на конгресот ќе биде и официјално прогласен за кандидат за претседател на нашата држава,“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ на дебатната емисија „Избори 2024“  на МРТ 1, на прашањето за други кандидати за претседател предложени во рамки на партијата.

Во врска со Пендаровски, Коциќ рече дека изминатите 5 години тој покажал дека е човек од граѓаните избран, без правење на разлика помеѓу луѓето по етничка, национална или полова припадност, достапен за секој човек и знаел да ги процени сите стратешки, важни работи за државата и да дејствува во интерес на народот и државата.

„Апсолутно скромен и човек кој што покажа еден нов начин на функционирање, кога треба нешто да се подржи да го каже своето мислење, меѓутоа и кога треба нешто да се искритикува јавно да го каже своето мислење.“

Коциќ за Гордана Силјановска Давкова рече дека и покрај тоа што таа јавно се декларира односно не е член на ВМРО-ДПМНЕ, како независен пратеник, но во ниту еден момент на нивното деструктивно однесување не дала  свое видување.

„Во моментот на блокирање на антикризните мерки, со кој што имаше можност  70.000 луѓе да останат на улица, кога ВМРО-ДПМНЕ не влегуваа во сала, а имавме дефицит на пратеници затоа што беа болни од корона, заедно со нив бојкотираше и колешката Давкова. Во моментот кога правеа активна блокада на Собранието и кога се трошеа беспредметно народни пари, заради тоа што собранието во еден ден троши  20-30.000 евра за патни трошоци, ангажирање на персонал, пари на граѓаните, наместо да завршиме со донесувањето на дневниот ред за нормално време, одлучија да го блокираат собранието и тоа го чинеше народот многу илјадници евра и исто така, колешката Давкова никогаш е кажа совет дека тоа не е во интерес на граѓаните и исто се однесуваше како ВМРО-ДПМНЕ иако се декларираше како независна. И во време кога избегаа од гласањето на францускиот предлог, кога не беа достојни  да изгласаат дека оваа или било која влада не смее да преговара за македонскиот идентитет, јазик и  култура она што го гласавме на собрание – јули 2022 година и последното пред неколку месеци беше злоупотребата на анкетната комисија за случајот Онкологија, и колешката Давкова исто беше дел од тимот кој практично го уништи функционирањето на анкетната комисија затоа што си дозволија одредени заклучоци кои не беа заклучоци на анкетната комисија, да сакаат да ги лиферуваат во јавноста како заклучоци на комисијата добиени најверојатно од белата палата, Мизрахи ги прочита и ја напушти комисијата, кога баравме продолжување тие ја напуштија комисијата и ја саботираа нејзината работа, која беше во интерес на пациентите и во интерес на работата на здравствениот систем. Далеку од вистината е дека таа дејствува нешто поразлично од она што ВМРО-ДПМНЕ го прави и единствено како партиски војник се однесуваше изминатите четири години“, посочи Коциќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен