Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Костовски: Дали Македонија е дел од „рускиот свет“ само затоа што Русија не си го подмирила долгот кон земјава?

Во серијалот на ЦИВИЛ насловен „Ослободи го умот“, анилитичарот и новинар Љубомир Костовски, зборува за главните пропагандни наративи во македонскиот јавен дискурс, дезинформациите и руската пропаганда.

Костовски на почеток, истакна дека клучното прашање, во контекст на актуелните теми, е што вие му нудите на гласачот на овие избори, што мислите за евроатланската концепција за нашата надворешна политика и што значи тоа кога ќе бидам избран, ќе кажам, реферирајќи на наративите на опозицијата.

„Не би купил автомобил од Мицкоски бидејќи не можам да купам нешто „на слепо“, без да ги знам сите информации за тоа возило, за да би се одлучил за тој чин. Мицкоски е познат по тоа што лесно може да ги сокрива своите вистински намери зад одредени наративи кои најчесто се и сокриено енигматични. Ние влегуваме во предизборен период и на граѓаните треба јасно да им каже дали е за евроатланскиот пат или не, и што значи тоа – кога ќе дојдам на власт тогаш ќе ви кажам, тоа е како да имаш мачка во вреќа“, вели Костовски, одговарајќи на прашањето дали тој би купил кола од Мицкоски, што реферира на изјавата на О’Брајан дека од Мицкоски не би купил ниту автомобил.

Тој додава дека на невидено може да се избере само на авто-пазар, но и таму граѓаните претходно се распрашуваат какво е возилото, ќе земат да го пробаат, да го возат, ќе си викнат автомеханичар да го види, меѓутоа на изборите граѓаните ја немаат таа опција, граѓаните не знаат кои се клучните опции на главниот опозиционер.

Костовски посочи дека ние сме жртва на тој руски свет, (Путин во последниот говор во Кремљ), ние лесно би се нашле во тој свет, во зависност до каде мисли дека тој свет се простира.

„Историјата не потврдува дека сме имале многу директни релации со Русија, главно оделе преку Бугарија. Но, тоа влијае на нашиот живот, на начинот на кој луѓето размислуваат, црно-бело. Црниот свет е западот, нашата иднина е приклонување кон источниот свет, односно она што значи руски свет. Тоа кај нас се доживува како нешто толку силно, толку светло, просперитетно, како тоа е нашиот „План Б“. Тој не постои. Западот го има најмалку 5 пати спасувано од глад, во невидени размери и милиони жртви од глад“, вели Костовски, зборувајќи за една од главните поенти во својата анализа:

„Русите мислат дека светот постојано нешто им должи, па треба и да ги спасува од глад, откако ќе се исцрпат во своите војни“, посветена на рускиот молк за американската хуманитарна помош во изминатите 120 години.

„Голема грешка е што тој руски наратив е влечен со години низ Македонија“, вели Костовски.

Тој вели дека Македонија и Босна и Херцеговина се единствените независни земји кон кои Русија не се раздолжила, додавајќи „извинете г-не. Лавров ние сме дел од вашиот свет затоа што сте нù должник“?

Д.М.
камера и монтажа: Ариан Мехмети

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново