Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Љубиша Николовски: ВМРО-ДПМНЕ се плаши ако ги загуби претседателските дека ќе изгуби гласачи за парламентарните избори

„ВМРО-ДПМНЕ се плаши дека ако изгуби на претседателските избори, ќе изгуби гласачи и на парламентарните избори“, рече новинарот Љубиша Николовски во „Студио 10“ на ТВ24 говорејќи за тоа дали изборите треба да бидат одвоени или заедно.

Тој изјави дека во интерес на државата и граѓаните е изборите да бидат одвоени, со цел да се добие легитимет претседател, а не личност која ќе се влече на рејтингот на партијата.

„Изборот на претседател е посебна институција и се избира согласно редот. Не е точно дека немало излезност на претседателските избори досега. Само ако една голема партија реши да не излезе нема да има цензус“ рече Николовски.

Новинарот додаде дека  изборите треба да бидат согласно, закон и Устав и дека треба да се прекине со нападите врз граѓаните и разговорите за тоа дали изборите треба да бидат одвоени или заедно.

„Од ВМРО-ДПМНЕ досега не слушнавме политичка платформа. Дали уште ја спремаат и ќе ја слушнеме конечно, можеби. Досега освен објавување на неуспесите на оваа власт, не слушнавме што можеме да очекуваме од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е жалосно од една таква голема партија“, посочи Николовски.

Тој додаде дека дури и во Извештајот на Европската комисија е нотирано дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се противи и ги блокира реформските закони кои ги тангираат граѓаните, земјоделците и пензиоенрите.

„Не слушнавме што тие би направиле. Има само плукање и навреди, очекувам таква да биде и кампањата“, рече Николовски.

Новинарот додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе мора на своето гласачко тело и на граѓаните да им објасни каде оди оваа партија и која е нивната визија, за да не остане земјата заглавена.

Најново