Македонија ги освои Софија, Тирана и Солун, културните коридори си работат

Коридорите на културната соработка на земјите од Балканот се ставени во полна функција, а Северна Македонија е на крстопатот на поврзувањето и лидер на иницијативите што со огромен интерес ги прифатија сите соседни земји.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Коридорите на културната соработка на земјите од Балканот се ставени во полна функција, а Северна Македонија е на крстопатот на поврзувањето и лидер на иницијативите што со огромен интерес ги прифатија сите соседни земји.

Ова е апсолутно точен опис на она што се случува во последниот период со исклучително заначајните настапи на македонските културни дејци во големите духовни центри во регионот.

Да неведеме само некои од овие настапи што беа организирани само во последните десеттина дена: Битолскиот театар имаше триумфален настап во Тирана, македонските писатели во Софија изгерадија уште еден мост на поврзување со нивните бугарски колеги, гостувањето на Румена Бужаровска по повод промоцијата на нејзината книга „Мојот маж“ преведена од македонски на грчки, беше прогласено за најуспешен настан на Саемот на книгата во Солун, изложбата на Сергеј Андреевски во Солун ги стави на ѕидот на срамот и на осуда грчките националисти во оваа земја, во Риека, во хрватска, студентите по македонистика ги преведоа на хрватски современите сказни од нашата земја…

„Отворен Балкан“ за отворена културна соработка

Триумфалниот настап на Народниот театар од Битола во Тирана, со претставата „Артуро Уи“, во режија на Ќендрим Ријани, која што и во Албанија и во нашата земја беше оценет како настан на сезоната.

Овој настан ќе биде запишан и како прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија, реализирано во организација на Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана, со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија.

– Ова триумфално гостување на ансамблот на Битолскиот театар во Тирана е значаен настан за соработката во сферата на театарот и на културата меѓу двете земји. Македонскиот јазик со актуелен театарски израз прозвучи пред преполниот салон на главната театарска сцена во соседна Албанија, а нашата продукција беше пречекана со искрени емоции, со комплименти и големо пријателство. Сета атмосфера на отвореност и свеченост за нас претставува потврда за квалитетот на екипата од „Артуро Уи“, но е и патоказ кон идните можни начини за соработка во културата. Овој настан ни ги покажува бескрајните можности што се пред нас во насока на зближување и запознавање на културите меѓу двата народа и за креирањето побогата културна слика на овој дел од Балканот, оцени министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска, којашто во Тирана го проследи настапот на битолскиот театар и се сретне со нејзината колешка од Албанија Елва Маргарити.

Овој настан е дел од презентацијата на македонската култура во Албанија и доаѓа и како резултат на иницијативите од процесот „Отворен Балкан“, во чии рамки беше потпишан Меморандумот за соработка во културата, што го потпишаа министерката за култура на Северна Македонија Бисера Костадинова-Стојчевска, Елва Маргарити, министерка за култура на Албанија и Маја Гојковиќ, вицепремиерка и министерка за култура и информирање на Србија.

– Културата била и секогаш ќе биде мостот и врската помеѓу народите, без разлика дали станува збор за Балканот или пошироко. Важно е тоа да се форсира и да се инвестира во ваквите соработки кои преку сличностите и разликите во културите, дополнително ќе не поврзат. Културната размена е од особено значење за нас како творци, а секако и за публиката, истакна за Рацин.мк директорот на Народниот театар од Битола Иван Јерчиќ.

Дирекорот на македонскиот КИЦ во Тирана Златко Ориѓански на социјалните мрежи напиша дека вчерашниот настап на Битолскиот театар во Тирана бил фантастичен и импресивен.

– Сведочевме триумф на уметноста, отворање на нов уметнички коридор 8, ноќ од историско значење за двете пријателски земји. Публиката аплаудираше цели 15 минути стоејки и поклонувајки се пред нашите извонредни глумци и режисерот Ќендрим Ријани, напиша директорот на КИЦ во Тирана Златко Ориѓански на социјалните мрежи.

Македонски и бугарските писатели во Софија градат мостови на соработка

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија изминатите два дена беше местото каде што македонските и бугарските писатели уште еднаш потенцираа дека соработката и размената во уметноста секогаш е вистинскиот мост што ги поврзува народите.

Четиринаесеттта Македонска книжевна визита во организација на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, во соработка со КИЦ во Софија, го наполни салонот на КИЦ со љубителите и почитувачите на пишаниот збор, и на македонски, и на бугарски јазик. Отворајќи ја Македонската книжевна визита, директорот на КИЦ во Софија д-р Сашко Насев со неговиот инспиративен говор ги потсети присутните за вечната синтеза меѓу поезијата, како најсовршена од уметностите, со драмата што може да ја произведе, но и обратно.

Амбасадорката на РСМ во Софија, Н.Е. Агнеза Руси Поповска, посочи дека поетите и уметниците се тие што можат и мораат да ги рушат ѕидовите создадени од предрасуди, и да градат мостови на разбирање и соработка.

Присутните ги поздрави д-р Владимир Цветковски, уредник на издавачката куќа „Макавеј“, која го организира ова поврзување на македонските и бугарските поети и уметници изминативе 14 години. Претседателот на Сојузот на бугарските писатели, Бојан Ангелов, на присутните им ја предочи метафората за славејот што пее, не признавајќи ги границите на државите, едноставно прелетувајќи ги. Така и поезијата, низ пишаниот и изговорен збор, не ги познава границите.

Бужаровска и „Мојот маж“ на преведена на грчки јазик ѕвезди во Солун

Како историски чин беше оценет настапот на писателката Римена Бужаровска на Саемот во книгата во Солун. Тоа го докажува огромниот интерес на читателската публика во овој град, распродадените книги како и огрониот интерес за разговор на книжевната средба со македонската писателка.

Збирката раскази „Мојот маж“ на грчки јазик ја објави издавачката куќа „Гутенберг“,во превод на реномираната преведувачка Александра Јоаниду, професорка на Универзитетот Аристотелис во Солун, која на грчки ги има преведено и други европски автори, меѓу кои и Олга Токарчук и  Георги Господинов.

Како историски чин е тоа што првпат името на јазикот официјално стои во книга во оваа земја како „превод од македонски јазик“.

Според грчките медиуми „Мојот маж“ е една од најчитаните книги во Грција, а на тамошната културна јавност наското, на есен, ќе биде претставен и преводот на другите две книги на Бужаровска –  „Не одам никаде“, и другара година „Осмица“. Бужаровска во јуни ќе има читање во Атина, а има покана и за настап на книжевниот фестивал во Хања на Крит.

„Мојот маж“ е четврта збирка на Бужаровска. Досега е преведена на над 13 јазици, а минатата година се најде на листата на 100 највпечатливи книги за 2022 во Франција, која ја објави француското книжевно списание „Лир“ (Lire), а на француски јазик расказите на Бужаровска ги издаде легендарната издавачка куќа „Галимар“.

Кога сме во Солун, јавноста во Грција во огромен број го осуди упадот на симпазитерите или членовите, што и да се, на националистичката „Златна зора“ на изложбата на македонскиот сликар Сергеј Андреевски, која исто така привлече огромно внимание на тамошната ликовна јавност.

Промптната реакција на грчката полиција, е уште еден показател дека работите се менуваат и дека ваквите испади нема да остануваат неказнети, што е силен стимул соработката меѓу културните работници да продолжи со уште поголем интезнитет.

Македонскиот јазик низ лекторатите во Европа

Во серијата настани со кои се одбележа Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, голем публиците доживеа значајниот јубилеј – 15 години од основањето на Лекторатот по македонски јазик на Филозофски фаултет во Риека.

Аулата и амфитетатарот на Факултетот беа претесни за во нив да се соберат сите членови на хрватската академска заедница, студенти и воопшто почитувачи на македонскиот јазик, литература и култура кои со своето присуство сакаа да го поздрават јубилејот на Лекторатот. Но и да ги поздрават неговите големи остварувања во изминатите деценија и половина.

На чествувањето на јубилејот 15 години Лекторат по македонски јазик во Риека беше промовирана монографијата „Со поглед кон Европа“, која содржи дваесет текста од исто толку автори – за остварувањата за македонистиката во Риека од 2008 година наваму. Оваа монографија е прва која е посветена на лекторат по македонски јазик на странски универзитет, а при нејзиното промовирање беше посочено дека дејноста на Лекторатот по македонски јазик во Риека е најпрепознатлива и со најзабрзан развој на тамошниот Филозофски факултет.

– Оној пат кон Европа што започнавме да го чекориме со браќата Миладиновци преку објавата на нивниот Зборник на народни песни во Загреб во 1861 година, а го продолживме со Рацин и неговата „Бели мугри“ објавена во Самобор во 1939 година, во нашево време го продолжуваме токму преку Риека. Преку универзитеткиот центар на кој во последните петнаесет години има огромен интерес за македонскиот јазик, литература и култура, порача проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на свеченоста на која се промовираше монографијата.

Во рамките на чествувањето на јубилејот беше отворена и изложба на фотографии од Македонија и се одржа промоција на прв превод на избор од македонски авторски сказни од македонски на хрватски јазик зад која стојат студенти по македонистика во Риека под ментортво на лекторката м-р Биљана Стојановска, која и го иницираше и осмисли изданието.

Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска со студенти по македонистика на Философскиот факлутет во Риека од Отсекот за преведување

Беше претставена и македонската музика, со избор песни во хорска изведба, а беше организирана и дегустација на македонски традиционални специјалитети.

– Клучно е она што ќе се оствари во годините пред нас – она на што ќе се работи веќе од утре. Само така и сето она што како порака го упативме при чествувањето на овој јубилеј и вреднувањето на веќе оствареното ќе има целосна смисла – суштински, а не формално. Подготвени сме да оствариме и да работиме, заеднички со хрватските колеги – во сегашноста да ја создаваме иднината на македонистиката во, истакнува Мојсова-Чепишевска по повод 15 години од основањето на Лекторатот по македонски јазик на Филозофски фаултет во Риека.

Треба да знаете
Moже да ве интересира