Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Николовски: Инвестициски бум во фотоволтаиците, но и можност за инвестирање и во друг вид на енергија

„Мерките и политиките се носат на принцип кој најмногу ги почитува, односно кој најмногу штеди тој најмногу и добива. Целта е да се продолжи во таа насока. Впрочем, ги споменав бенефитите од евтината дневна тарифа. Тие се бефити од веќе спроведени политики во енергетската транзиција. Граѓаните сега ќе имаат можност во делот на евтината тарифа, оние коишто најмногу штедат и да ги сетираат своите електрични апарати“, изјави Дарио Николовски директор на Агенција за енергетика во утринска програма на Слободен Печат.

Тој додаде дека има коментари во однос на тоа кој ќе биде најзадоволен од овие мерки, поточно пензионерите, но тие според Николовски ја имаат создадено оваа држава и дадено придонес во неа.

„Во периодот во којшто се наоѓаме, а тоа е зимскиот период, свесни сме дека сите трошоци се зголемени, свесни сме дека ако сакаме да го заштитиме стандардот, тогаш мораме да ги субвенционираме сите критични категории. Ние тоа го направивме, но од друга страна заради се она коешто го спроведовме во делот на енергетиката преку инвестициите, а тоа е веќе видливо со очи каде човекот и да се движи низ државата, сметам дека ќе се создаде можност преку стабилизирање на цената на електричната енергија да се усогласиме со препораките на Европската комисија за коишто во делот во којшто измина добивме и пофалби дека успешно сме изменаџирале“, потенцираше Николовски.

Тој додаде зад нас била сериозна енергетска криза во којашто успешно е докажано дека граѓаните треба да бидат сигурни и да им веруваат на институциите.

„Ќе сумирам, се она што е спроведено во делот на енергетиката дава резултати, така и ќе продолжиме“, посочи директорот на Агенцијата за енергетика.

Тој смета дека енергетиката не познава политика, во самите одлуки нема политика и истите се со цел државата во енергетска смисла се придвижи кон западноевропските држави.

„Имаме за 150% раст на инсталиран капацитет споредбено 2023 со 2022 година, со обновливи извори на енергија. Обновливите извори на енергија не треба само да ги гледаме како стабилизирање на цената на струјата, туку треба да ги гледаме како чист извор на енергија затоа што сме свесни за загаденоста на воздухот. Овие обвновливи извори на енергија влијаат на заштита на животната средина“, заклучи Николовски.

„Во делот на останатите видови на инвестиции, покрај фотоволтаиците, една од нив е и карго аеродромот којшто треба да биде првиот агрофотоволтаичен парк на којшто ќе бидат поставени фотонапонски панели на одредена висина. Ќе се одгледуваат и понатаму земјоделски култури коишто имаат можност да се одгледуваат во тие услови. Целта е да се искористат сите можности, со оглед на тоа што сме држава која нема мора, но има други ресурси со коишто изобилуваат можностите за реализирање на инвестиции“, изјави Николовски.

Тој додаде дека сонцето во нашиот случај е еден од најважните елементи бидејќи имаме сонце повеќе од 300 дена во годината.

„Инвестицијата на ВПД во Старо Нагоричане се уште стои. Компанијата се уште ја мери силината на ветерот, но со оглед на тоа што таму има изобилие на ветер, и неколку други други компании во пределот околу нив исто така најавуваат можни инвестиции. Како ветерна енергија, годината што измина ние како агенција имаме добиено барања за издавање на решенија за ветер. Тоа ме радува затоа што и покрај инвестицискиот бум во фотоволтаиците, инвеститорите во нашата држава гледаат можност за инвестирање и во друг вид на енергија“, потенцираше Николовски.

Тој заклучи дека целта и заложбата е како во фотоволтаиците, така и во сите останати области од енергетиката, да се олеснат можностите и процедурите, да се покаже експедитивност и со тоа да се привлечат инвеститори.

Зачлени се на нашиот е-билтен