Ги видов напорите на Изет Меџити, Арбен Таравари и Билал Касами да бидат на линија со Западот, без да се конфронтираат со Мицкоски, а исто така и циничните обиди на Мицкоски евентуалниот неуспех да го смета за дело на „непријателите“ на Македонија
Пишува: Дестан ЈОНУЗИ
Чудна за јавноста беше поддршката на Европскиот фронт (ДУИ на Али Ахмети) за измените во Законот за реорганизација на Владата и државните органи, иако доколку нема злоупотреблива позадина може да се смета за нормална работа.
Политички ова значи и глас „ЗА“ – за новата Влада, иако пратениците на Европскиот фронт ја напуштија пленарната седница и воопшто не гласаа за новиот владин кабинет предводен од Христијан Мицкоски.
По природа сум човек кој поддржува социјална и етничка кохезија и почитување на културните, етничките, верските различности…
Но, зошто Мицкоски направи погрешен избор со назначувањето на Иван Стоилковиќ за министер за односи меѓу заедниците?
Воопшто не е проблем затоа што Иван е Србин! Проблемот е што е контаминиран со руска доктрина и тоа политички и дава мрачна слика на новата Влада.
Добро би било новата влада да покаже како ќе ги исполни многу од очекувањата на граѓаните и граѓанките. Како ќе се обезбеди внатревладина координација, кои сектори ќе имаат најголема стратешка и буџетска поддршка и како владата ќе се ориентира во дијалогот со Бугарија? Има надеж со оваа промена, но барањата само ќе се зголемуваат.
Споредено со некои од претходните влади, има постабилна поддршка во Собранието. Оваа влада навистина претставува промена. Партиите кои беа во опозиција сега станаа владина коалиција. Но, со големи промени доаѓаат и големи очекувања.
Мандатот за владеење со Северна Македонија, чие име дури и го оспорува, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го започна зборувајќи за потребата да се избегне бугарското вето за членство во Европската унија, ветувајќи дека за време на мандатот како премиер нема да дозволи усвојување на уставните амандмани, како што неколку пати изјавил под „диктат“ и како што се сега предложени.
Мали се шансите Христијан Мицкоски во последните минути да го промени својот став и да го отвори патот за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Ги видов напорите на Изет Меџити, Арбен Таравари и Билал Касами да бидат на линија со Западот, без да се конфронтираат со Мицкоски, а исто така и циничните обиди на Мицкоски евентуалниот неуспех да го смета за дело на „непријателите“ на Македонија.
Сериозниот проблем овде не е зошто се одложува членството на Северна Македонија во ЕУ.
Проблемот овде е што Европа не успева да и помогне на Северна Македонија. Тоа е првпат во историјата на земјата меѓународна дипломатска акција да и помогне на Северна Македонија да направи чекор напред во евроатлантските интеграции.
Од друга страна, уште попроблематичен е популистичкиот обид нечленството во ЕУ (спротивставување на уставните измени) да се смета за отпор кон Западот. (Фронтлајн)