Мора да најдеме нови начини да изградиме општествен консензус и да воспоставиме активни врски меѓу политичките партии и граѓанското општество. Непосредна задача е спротивставување на новите лево-десни популисти, а тоа може да бара усогласување со експонентите на капиталистичката либерална демократија – исто како што комунистите во Втората светска војна се бореа заедно со западните „империјалистички“ демократии против фашизмот.
Славој ЖИЖЕК*
Пијаниот сопруг одеднаш доаѓа дома и се вовлекува во креветот покрај сопругата и нејзиниот љубовник. „Драга, јас сум толку пијан што мислам дека под покривката се испакнати шест нозе“, вели тој. „Не грижи се“, одговара жената. „Оди до вратата и пак погледни оттаму.“ Мажот станува, оти до вратата, па се свртува кон креветот: „Во право си, сега ми олесна. Ги има само четири!“
Можеби шегата е вулгарна, но дава еден важен увид. Во принцип, очекуваме да ја видиме ситуацијата подобро однадвор отколку одвнатре. Но, понекогаш страничниот поглед е тој што нè спречува да ја видиме вистината. Во шегата, излегувањето на сопругот од ситуацијата (одењето до вратата) создало лажно чувство на учество што го натерало заради кое ги видел нозете на љубовникот како свои.
Слична динамика наоѓаме и во поддршката на Западот за Украина. Ги затвораме очите пред фактот дека домашната олигархиска клика веројатно ќе излезе како најголем победник во украинската борба. Не треба да бидеме изненадени ако се покаже дека повоената Украина испадне слична на предвоената, која беше корумпирана од олигархијата и колонизирана од големи западни корпорации за да ги стави под нивна контрола најквалитетното земјиште и природните ресурси. Додека правиме лични жртви за воените напори, не гледаме дека придобивките ќе ги присвојат другите, исто како пијаницата што мисли дека се неговите нозе под јорганот – можеби затоа што, длабоко во себе, одбива да ја признае вистината.
Можеме ли да ја избегнеме оваа замка? Паневропската организација „Европа, пациентот“ одржа серија дискусии во средината на јуни во Лондон за заштита на украинските заедници од економска експлоатација по војната. Ваквите иницијативи се потребни повеќе од кога било, бидејќи поддршката за одбраната на Украина мора да оди рака под рака со прашањата за еколошка и социјална правда. Сето ова е подеднакво важно за иднината на државата. Можеме целосно да ја поддржиме Украина само ако ја ослободиме и од контролата на индустријата за фосилни горива, која се потпира на руската нафта.
Мешавината на воени, еколошки и социо-економски битки е сè потешко да се игнорира. Воените и еколошките прашања драматично се судрија при уништувањето на браната Каховка кај Херсон на почетокот на јуни.
Се разбира, Украина не е изолиран случај. Отприлика во исто време, шумските пожари во Канада го задушија Њујорк со облаци од кафеав чад, давајќи им на жителите на градот им пружи можност да го насетат она што луѓето ширум глобалниот југ премногу добро го знаат. Иако постојано зборуваат за климатската криза и еколошкиот распад, богатите западни земји сè уште малку преземаат.
Оваа ограничена перспектива не им припаѓа само на десницата и на корпоративниот сектор. Многумина од левицата денес тврдат дека го поддржуваат мирот, додека се залагаат за компромис со бруталните, ревизионистички авторитарни режими.
За да ја разбереме „пацифистичката“ опозиција, да се потсетиме на почетокот на Втората светска војна, кога исто така постоела коалиција на десницата и левицата што се спротивставувала на американското учество во странски војни. Тогаш, како и сега, „пацифистите“ тврдеа дека ситуацијата во Европа не е работа на Америка. Тие негуваа чудни симпатии кон агресорот и тврдеа дека учеството во војна ќе му користи само на воено-индустрискиот комплекс. Кога, во летото 1940 година, нацистичка Германија му кажала на Обединетото Кралство дека сака мир, тие тврделе дека Британија треба да ја прифати великодушната понуда на Хитлер.
Како и сите добри лаги, и оваа содржи зрно вистина. Американскиот конзервативен коментатор Патрик Џ. Бјукенан понуди верзија на тој аргумент во 2008 година кога рече дека Холокаустот не би бил толку страшен доколку Винстон Черчил ја прифатил понудата на Хитлер од 1940 година.
Понатаму, аргументот тврди дека исто како што Черчил ја довел Британската империја до пропаст предизвикувајќи непотребни војни со Германија, американскиот претседател Џорџ В. Буш ги довел САД во пропаст следејќи го примерот на Черчил. Како и многумина од левицата, Бјукенан не верува дека САД треба да гарантираат помош за земјите во кои немаат витални интереси.
Нова варијација на овој мотив се јавува во контекст на украинската војна. Наводно, распадот на Советскиот Сојуз го имал истиот ефект како и Версајскиот договор: создал предвидлива желба за одмазда над победниците од последната војна.
Како и во минатото, овој нов сојуз на десницата и левицата е воден од теории на заговор, како што се оние за вакцините што ги шират Роберт Кенеди помладиот и следбениците на Доналд Трамп. Тој сојуз ги осудува мерките против пандемијата како инструмент за контрола. Се противи на помагање на Украина, бидејќи тоа е од корист за воено-индустрискиот комплекс на НАТО. Типичниот модел е да се негира најголемата закана со која се соочуваме, како едноставен трик на големите корпорации кои сакаат да ја експлоатираат работничката класа.
Секако, политиката на негирање – кога се видливи само четири нозе – е нескромно оптимистичка. Не треба да се справуваме со нови опасности; можеме да се преправаме дека не постојат. Тоа е производ на популизмот и на левицата и на десницата и една од главните причини зошто западнавме во „демократска рецесија“. Како што забележува Грејс Блејкли од „Трибјун“: „Авторитаризмот е во пораст и покрај либералните предвидувања дека проширувањето на слободните пазари ќе доведе до поголема демократија – тоа е затоа што капитализмот секогаш ќе ги брани општествените хиерархии од заканата за економска еднаквост“.
Ова тврдење можеме да го пренесеме понатаму: заканата за демократијата доаѓа и од лажниот популистички отпор кон корпоративниот капитализам, отелотворен во одбивањето на „пацифистичката“ левица да ја поддржи Украина бидејќи тоа ќе им користи „само“ на трговците со оружје. Конечно, Украина одамна е колонизирана од западните корпорации и само преку „зелена“, праведна реконструкција таа навистина ќе биде ослободена.
За да ја избегнеме нашата неволја, не можеме само да се држиме до повеќепартиската либерална демократија. Мора да најдеме нови начини да изградиме општествен консензус и да воспоставиме активни врски меѓу политичките партии и граѓанското општество. Непосредна задача е спротивставување на новите лево-десни популисти, а тоа може да бара усогласување со експонентите на капиталистичката либерална демократија – исто како што комунистите во Втората светска војна се бореа заедно со западните „империјалистички“ демократии против фашизмот, знаејќи добро дека империјализмот бил нивниот краен непријателот. Беше чудна ситуација во креветот, но барем знаеја чии се нозете.
*Славој Жижек (Slavoj Žižek), филозоф и критичар на културата во традициите на хегелијанството, марксизмот и Лакановата психоанализа, со посебен придонес за развојот на политичката теорија, теоријата на филмот и теоретската психоанализа.
(Извор: Project Syndicate)