Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Полиграф“: Талат Џафери не бил прв министер за одбрана Албанец, како што тврди Стевчо Јакимовски

На 06.12.2023, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во емисијата „Тешки Муабети….“ на порталот „Инфомакс“ изнесе погрешни информации за тоа кој бил прв министер за одбрана Албанец во земјава.

ПРВИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА АЛБАНЕЦ, КОЈ БЕШЕ? ТАЉО? ТАЛАТ ЏАФЕРИ? КОЈ ГО СТАВИ, ВМРО-ДПМНЕ?“, РЕЧЕ ЈАКИМОВСКИ ВО ЕМИСИЈАТА.

Јакимовски во текот на емисијата неколкупати рече дека има долго паметење. Но, во овој случај, тој изнесе неточна информација. Како што може да се види на веб страницата на Министерството за одбрана во делот за „поранешни министри“, прв министер за одбрана Албанец бил Фатмир Бесими, во периодот од 29.07.2011 до 18.02.2013. Додека, Талат Џафери раководел со ова министерство по Бесими, и тоа во периодот од 18.02.2013 до 18.06.2014.

Накусо, тврдењата на Јакимовски дека првиот министер за одбрана Албанец бил Талат Џафери се неточни.  И овој пример покажува дека и на политичари со долго паметење и поголем стаж во политиката може да им се случи да изнесат погрешни информации во јавноста.

(СМК)

Треба да знаете
Moже да ве интересира