Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Силиконски фази vs. човечки срца: СКОМРАХИ на ФДУ Скопје

Оваа година на СКОМРАХИ се прикажаа 25 филмови и се одиграа 8 театарски претстави, пет дена во кампусот на ФДУ во Скопје се случуваа многу работилници, изложби, предавања…

Идејата е да се прикаже разноликоста што ја нуди човекот уметник денес наспроти вештачката интелигенција која сѐ уште го нема капацитетот да го замени човекот“, изјавуваат организаторите.

„Буквално за ‘Скомрахи’ освен темата направена со ВИ, сѐ друго е направено од човек. Не е користена ниту една друга вештачка алатка во текот на подготовките на овие средби со што се покажува дека во суштина не му треба ништо плус на човекот – тој е способен за сѐ самиот“, додаваат оттаму.

Годинава имаме претстави од различен карактер – од испитни вежби по режија, до монодрама, корео-драма, испитни вежби по актерска игра од различни години, различен пристап – од класичен театар до постмодерен театар, до физички театар“, велат студентите.

Традицијата што овие средби ја чуваат на сцена од 1988 година е да се негува идентитетот на разменување искуства меѓу студентите, што прави да се разликува од околните фестивали на кои се доделуваат награди.

Факултетот за драмски уметности Скопје е еден од ретките на Балканот со ваков фестивал посветен на студентската креативност.

Александра Тодоровиќ/Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен