Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СПЦ и МПЦ – ОА во канонско единство против родовата еднаквост

ДРАГАН МИШЕВ

Додека во Северна Македонија сé уште не слегнала прашината од тешките зборови на „контроверзниот“ владика на МПЦ ОА, Петар, кој феминизмот и родовата еднаквост ги прогласи за изопаченост, и предвиде „апокалиптично сценарио“ во кое на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост, а веќе до ушите на јавноста во државава стигнаа слични обвинувања од патријархот на, сега веќе сестринската, Српска православна црква, Порфириј, кој се обрати кон една жена со недолични зборови за мантијата што ја носи.

Заедничко за двајцата „великодостојници“ на двете цркви, од неодамна во канонско единство, е што нивните обраќања воопшто не се во согласност со етичкиот принцип на христијанската религија – „сакај го ближниот како себе си“, а нивните ставови со кои тие, се чини братски, ги навредуваат жените, сѐ уште се предмет на контроверзии.

Во српската јавност беше објавено видео од поглаварот на Српската православна црква во кое се изразува родово сензитивен, односно речник на навреди за важна тема.

„Ќе плачев, ќе врескам, кога ќе видам кутра жена што си ја менува тезата… Таа вели дека се бунтуваат против законот за јазик, за чувствителниот јазик… Па, кутра и бедна“, рече патријархот Порфирије.

Професорката на Факултетот за медиуми и комуникации Јелисавета Благојевиќ посочува дека се работи за говор на омраза и дека зачудува интензитетот со кој се изговорени некои зборови, кои не е ни во согласност со етичкиот принцип на религијата, а претставникот на Партијата за слобода и правда Владимир Обрадовиќ дека ваквото обраќање не се вклопува во некои етички принципи на религијата, пренесува N1.

„Тоа го имате дури и во Евангелието според Матеј, самиот Исус вели „дури и вашиот непријател, прегрни го, сакај го, помагај му и така натаму“. Така што таквите зборови и таквото обраќање не се вклопуваат во ниеден етички принцип на верата“, истакнува  Обрадовиќ.

Јасно е, објаснува Благојевиќ, дека постојат различни мислења за родово чувствителниот речник – од една страна, оние кои се за неговата примена и оние, како црквата, кои се поконзервативни.

„Да не се правиме наивни и да не велиме – нема спор. Спор има, но тој спор мора да биде во доменот на политичка, аргументирана, дискусија… а не во смисла на ‘кутри, бедни’ и слично. Начинот на кој зборуваше патријархот е дел од политичката некултура што е насекаде околу нас“, смета Благојевиќ.

Се наметнува прашањето, дали двајцата владици, сега здружени во канонскот единсво, ја користат новата црковна реалност за оркестрирано да се нафрлат врз родовата еднаквост и улогата на жените  во современото, модерно и демократско општество.

П.С. Прашањето е реторичко

(ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен