Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Три причини заради кои доларот не може да биде симнат од тронот

Напорите за дедоларизација нема да направат многу за симнување од тронот на доларот, велат од мулѕинационалната инвестициска банка „Морган Стенли“. Во овој момент нема вистински алтернативи за дедоларизација на американскиот долар, велат стратезите на „Морган Стенли“ и наведуваат три причини зошто стравувањата од дедоларизација се неосновани.

Преземено од Бизнис Инсајдер

Статусот на доларот како главна валута на централните банки и за меѓународната трговија нема да се промени, соопштуваат од „Морган Стенли“.

Инвестициската банка ги анализираше стравувањата дека американскиот долар би можел да биде симнат од тронот како врвна и најкористена валута во светот. Ривалите како кинескиот јуан, јапонскиот јен или заедничката валута БРИКС, можат да влијаат на статистиката на доларот, предупредуваат некои коментатори, но од „Морган Стенли“ велат дека има три клучни причини зошто доминацијата на доларот нема да исчезне наскоро.

„Која валута би сакале да ја поседувате кога глобалните берзи ќе почнат да паѓаат, а глобалната економија се стреми кон рецесија? Сакате да се позиционирате во американски долари бидејќи тоа историски била реакцијата на девизниот курс на таквите настани“, укажува Џејмс Лорд, шеф на банката за девизна стратегија за пазарите во развој.

„Во крајна линија, Кралот Долар навистина нема никакви предизвикувачи“, додаде Мајкл Зезас, шеф на одделот за истражување на јавната политика на „Морган Стенли“.

Од банката „Морган Стенли“ посочуваат на три фактори кои ќе го задржат статусот на доларот на врвот на финансиските пазари:

1. Јуанот не е доволно ликвиден за да го предизвика доларот

Кинескиот јуан, кој властите во Пекинг се обидуваа(т) да го позиционираат како предизвикувач на доларот на светската сцена, не е доволно ликвиден за вистински да ја наруши доминацијата на зелената банкнота, велат стратезите. Тоа делумно се должи на строгите контроли на капиталот што Кина ги има на својата валута, кои го ограничуваат износот на готовина што може да се земе во и надвор од земјата.

„Изгледа дека е малку веројатно дека наскоро значајно ќе го оспори американскиот долар. За да го стори тоа, мислиме дека Кина ќе треба да ја олабави контролата врз својата валута и да ја отвори капиталната сметка. Се чини дека не е веројатно дека Пекинг ќе сака да го стори тоа во скоро време“, посочува Џејмс Лорд од „Морган Стенли“.

На ова прашања, исто така, влијае и кинеската економија, со оглед на намалената побарувачка на потрошувачите и тековната криза со недвижнини во таа земја.

„Кина може да постигне одреден напредок во деноминацијата на нејзината билатерална трговија во американски долари, но влијанието на доларот што го има врз глобална метрика останува и понатаму доминантно“, додава Џејмс Лорд.

2. Американскиот долг нема да влијае на доларот

„Пророците“ на падот на доларот велат дека довербата во зелената банкнота слабее бидејќи се зголемува загриженоста за зголемениот долг на САД. Од оваа година, долгот на САД достигна над 34 трилиони долари.

Сепак, тоа има мало влијание врз довербата во американскиот долар, со оглед на долгогодишната репутација на валутата како високоликвидно безбедно средство.

„Ја разбирам загриженоста, но во догледна иднина, нема ништо тоа“, вели Зезас. „Во зависност од исходот на изборите во САД, има одредена фискална експанзија на маса, но тоа не е екстремно според нас, и освен ако не мислиме дека во Централната банка на САД (FED) не можat да се бори против инфлацијата – a нашите економисти дефинитивно мислат дека можат – тогаш е тешко да се види тренд дека доларот ќе стане нестабилна валута“.

Инфлацијата драстично падна од највисоките нивоа од 2022 година, и покрај трошењето во ерата на пандемијата и зголемените нивоа на долг. Потрошувачките цени пораснаа само за 3,5% на годишно ниво во март, според најновиот извештај за инфлацијата, што е намалување од врвот од 9,1% пред неколку години.

3. Крипто валутите не се остварлива алтернатива

Иако криптовалутите како биткоинот се ликвидни, тие се премногу нестабилни за да се сметаат за вистинска алтернатива на доларот, велат стратезите.

„Ако имам крипто монета што расте, да речеме, 10% месечно, помала е веројатноста да ја користам за трговија и наместо тоа само да ја чувам во мојот паричник за да имам корист од растот на нејзина вредност“, вели Дејвид Адамс, од „Морган Стенли“, шеф на одделот за стратегии во однос на G10, односно на десетте најсериозни валути за трговија во светот.

„Разумните луѓе можат да не се согласуваат околу тоа дали криптовалутите ќе поскапуваат или ќе поевтинуваат, но јас би тврдел дека најдобриот исход за доминантна валута не е ниту едното ниту другото“, посочува Адамс.

И Други економски експерти, исто така, ја отфрлија можноста доларот да биде симнат од неговиот трон во скоро време. Тое не е невозможно, велат во Бизнис Инсајдер во оваа анализа, но, за деноминацијата на една валута се потребни многу децении додека друга валута се препознае како безбедна, а доларот секако нема да „седи“ со скрстени раце.

Зачлени се на нашиот е-билтен