Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ТРОЛ, што е тоа?

Трол (troll) е англиски збор и значи грдо џуџе или џин. Потекнува од старонордискиот збор trǫll што значи џин или демон.

Во сленгот, интернет-трол означува лице што шири инфламаторни, навредливи и лажни содржини.

Целите на троловите се да влијаат врз перцепцијата на луѓето и да предизвикаат метеж, конфузија, омраза или страв, со ширење дезинформации, говор на омраза и повици на насилство.

Троловите не секогаш се дел од организирана структура, но ефектите од нивното дејствување ги користат организирани пропагандни структури. Но тие често се организираат и во „трол фабрики“ или „трол армии“ поврзани со политички партии или пропагандни центри.

Експертите советуваат: „Не храни ги троловите! Игнорирај ги!“

#ОслободиГоУмот

ЛИНК ДО ПУБЛИКАЦИЈА

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново