Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО „Полиграф“: Кој дезинформира дека напаѓачите во Москва биле Украинци?

И за неодамнешниот терористички напад во Москва, некои медиуми во земјава продолжија со некритичко пренесување на непоткрепени тврдења и дезинформации од руски пропагандисти.

На 23 март 2024, порталите Локално и Антропол објавија во наслов дека напаѓачите во Москва биле Украинци, пренесувајќи тврдења на руската пропагандистка Маргарита Симонјан. „Напаѓачите не се од ИСИС, тоа се Украинци“, се вели во насловите.

Во текстот на порталот Локално се цитира непоткрепеното тврдење на главната уредничка на РТ и Спутник, Симонјан: „Не се работи за ИСИС. Тоа се Украинци“.

Меѓутоа, ниту Симонјан, ниту руската држава, не приложија факти за тврдењата дека напаѓачите во концертната сала во Москва биле Украинци. Од фактите од истрагата соопштени и од руската агенција Тасс, се гледа дека ниту еден од главните осомничени за тероризам по нападот на концертната сала во Москва не е државјанин на Украина или Украинец.

Како што известија повеќе светски и македонски медиуми, повеќето осомничени се граѓани или потекнуваат од Таџикистан,  дел од џихадистичка група од Исламската држава Хорасан (ИСИС-К), која ја презеде одговорноста за нападот.

Повеќе рускисветски и македонски медиуми известија дека истрагата за нападот продолжува во Такиџистан, каде што живееле семејствата на напаѓачите.

И претседателот на Русија Путин призна дека „злосторството е извршено од рацете на радикалните исламисти“, а не од Украинци, како што без докази тврдеше Симонјан.

Затоа, тврдењето дека напаѓачите во Москва биле Украинци може да се оцени како дезинформација. Уште еднаш, потсетуваме дека медиумите и новинарите треба да објавуваат само точни и проверени информации, за да не станат алатка за ширење на пропаганда и дезинформирање на публиката.

(СМК)

Најново