Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО „Полиграф“: Кој ги објави манипулациите на Лавров дека Западот сакал да ја уништи Русија со блиц-криг?

Медиумите во земјава продолжуваат некритички да пренесуваат пропагандни дезинформации од руски функционери и медиуми што шират руска пропаганда.

На 18 јануари 2024, неколку македонски портали пренесоа содржина од рускиот пропаганден медиум „Спутник“, со наслов „Лавров: Западот сфати дека молскавична војна со цел да се победи Русија е само илузија“.

Во текстот на порталот „А1он“, се тврди дека министерот Лавров нагласил дека „Западот разбрал дека Блиц-кригот со цел стратешки да се победи Русија е илузија“. Оваа изјава е пренесена од српски Танјуг, а зборот „блицкриг“ се најде и во наслов на РТ на руски јазик, а првично и во наслов на руската агенција ТАСС, која потоа го промени насловот.

Но, ниту Лавров, ниту руските медиуми, ниту македонските портали кои некритички ги пренесоа изјавите, не изнесоа никакви докази за некаков воен „блицкриг“ или „молскавична војна“ од страна на Западот за брзо „нанесување на стратешки пораз на Русија“.

Напротив, руските пропагандисти беа тие што уште пред почетокот на руската воена инвазија врз Украина во февруари 2022 предвидуваа дека таа ќе трае многу кратко, завршувајќи со брза победа на Русија. На пример, пропагандистката Маргарита Симонјан уште во 2021 година тврдеше дека Русија ќе победи за „два дена“. И пропагандистката Скабеева на почетокот на инвазијата предвидуваше пад на Киев за два дена, а белорускиот претседател Лукашенко во февруари 2022 предвидуваше дека војната со Украина би траела три или четири дена.

Но, војната во Украина трае речиси две години, а руската пропаганда сега се обидува да му припише на Западот дека тој води „молскавична војна“ за „стратешки пораз на Русија“. Затоа, медиумите треба да бидат крајно внимателни и да не пренесуваат некритички вакви изјави и изрази, кои се користат за ширење на дезинформации и остварување на воено-пропагандни цели.

(СМК)

Зачлени се на нашиот е-билтен