Внимание, внимание: Интернетот не е безбеден за децата и младите, како да ги заштитиме?

По повод 6 февруари, меѓународниот ден за побезбеден интернет, екипата на „Внимание, внимание“ ги праша граѓаните како да ги заштитиме децата и младите од опасностите на интернет.

Повеќето од граѓаните се свесни дека интернетот не е безбеден за младите, а особено за децата, кои можат да бидат изложени на различни штетни содржини. Граѓаните даваат најразлични примери за штетни содржини, на кои секојдневно наидуваат на интернет, особено на социјалните мрежи.

На прашањето – како да се заштитиме од небезбедни содржини на интернет (насилство, порнографија, финансиски измами), клучниот одговор е дека треба да научиме како да ги препознаваме и како да ги избегнуваме.

На прашањето – како да ги заштитиме девојките од сексуално вознемирување на интернет? – граѓаните укажуваат дека свеста и едукацијата се клучни за спречување, но и воведувањето филтри и забрани за порнографски содржини, како и отстранување на штетни страници и групи (како „Јавна соба“).

Повеќето граѓани се свесни дека зависноста од социјалните мрежи е посебен проблем, не само кај младите и децата, туку и кај повозрасните: „Се повеќе и повеќе младите стануваат свесни дека ствараат зависност социјални медиуми, дека треба повеќе да излегуваме надвор, да се тргаме од тој виртуелен свет“, укажува една студентка.

„Буквално сите сме… како некоја болест, моментално“, предупредува студент. „Мислам дека нема понудено решение, останува на личен избор, кој колку има дисциплина таа штетната страна да си ја намали“, поентира трет студент.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира