Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Засилена руска пропаганда во македонските медиуми во пресрет на гласањето за уставните измени

Цивил – Центар за слобода, како организација за човекови права вложува огромни напори за демаскирање на руската пропаганда и дезинформации во Северна Македонија, ги препознава и нотира проруските наративи и пропагандата на Кремљ, при што забележува дека руските пропагандни наративи најдоа плодна почва во македонските медиуми, и, за жал, и покрај големите напори што се вложуваат за разобличување на – про Кремљ наративите кај нас, проруските наративи во македонските медиуми не само што се уште опстојуваат, дури во последно време во одреден дел и земаат замав.

Во последниот период забележливо е дека руската пропаганда дополнително го поларизира македонското општество по различни линии, а особено треба да се истакне штетната улога која ја имаат медиумите во периодот пред гласањето на уставните измени кои ќе овозможат напредок во преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Пренесувањето одредена вест самото по себе не е проблем, туку начинот на кој е презентирана, контекстуалноста и централизираноста која се користи при пренесување кој може да се искористи да и се даде посакуваната насоката на руските пропагандни наративи.

Пример за тоа како функционира руската пропаганда е сензационалистичкото и некритично пренесување на изјавата на Путин дека Русија развива ново оружје.

Голем број македонски медиуми, координирано, (како) под команда, со сензационалистички наслови по принципот „copy paste“, со нескриена доза на восхитување ја пренесоа изјавата на Путин, дадена на Источниот економски форум што се одржа во Владивосток, каде што тој, меѓу другите изјави во кои повторно го обвинува Западот за „уништување на системот на трговски и финансиски односи, дополнително,  сосема паушално (исто така некритички пренесени од дел од македонските медиуми), без никакви конкретни објаснувања и докази,  изјавува дека Москва развива ново оружје со ласерски, ултразвучни и радиофреквентни способности ( од кое секако треба да се плашат западните сојузници, меѓу кои спаѓа и Северна Македонија).

Руска пропаганда: изјава на Путин на дел од македонските медиуми Фото: Скриншот

Токму тој дел се чини дека им се допаднал на овој издвоен дел од македонските медиуми, кои за лајк повеќе или за грст рубљи, а можеби и двата заедно, го издвоија како наслов во своите објави за понатамошно ширење на анти западните, анти НАТО и анти ЕУ расположение, со кое ќе се дестабилизира државата и ќе се успорат, и понатаму конечно да се запрат започнатите ЕУ интегративни процеси, како крајна цел на руските интереси во регионот.

Руска пропаганда: изјава на Путин на дел од македонските медиуми Фото: Скриншот

И содржината на објавените текстовите, како и насловот се исти во сите медиуми, најверојатно напишани и дистрибуирани од ист центар, со истиот избор и редослед на содржините во текстот.

Фото: Скриншот

Истовремено, во еден од медиумите како извор од каде е преземена изјавата на Путин се наведува Би – Би – Си ( нјверојатно како алиби) без при тоа да се наведе дека интегрално, веста на Би – Би – Си е дел од покомплесно следење на настаните поврзани со економсиот форум во Владивосток и средбата на Путин со севернокорејскиот лидер, и таму е децидно наведено дека преземената содржина е од руската државна медиумска агенција Тасс, а изјавата на Путин не е земена здраво за готово, туку со дополнување дека за истата ќе се обидат подоцна да добијат појасна слика за тоа што би можело да значи.

Руската пропаганда која е присутна во македонскиот медиумски простор уште пред почетокот на целосната руска агресија врз Украина, но загрижува фактот дека со неа не се зафатени само помалите медиуми, без импресум, со сомнителна сопственост, туку, што е уште позагрижувачко, се повеќе ја прифаќаат и етаблирани, мејнстрим медиуми, на кои публиката досега им верувала.

МД / ЦМТ

Преземено од Цивил медиа

Зачлени се на нашиот е-билтен