Европската Комисија го објави Извештајот за напредокот на Северна Македонија. Извештајот дава реалистична слика за продолженото отсуство на напредок на повеќе критички реформски точки за македонската економија, оценува анализата на тинк-тенк организацијата Фајнанс Тинк.
Извештајот го продолжува нагласениот критички тон за однесувањето на фискалната политика и јавните финансии во претходната година (септември 2024 – септември 2025), и тоа на неколку пункта: Фискалната консолидација е бавна, особено во контекст на преземените обврски за големи гаранции за кредитите од комерцијалните банки и засиленото трошење по Ребалансот на Буџетот од 2024 година, рефлектирано во Европската Комисија го објави Извештајот за напредокот на Северна Македонија. Извештајот дава реалистична слика за продолженото отсуство на напредок на повеќе критички реформски точки за македонската економија. Во овој Коментар, се осврнуваме на неколку точки кои ги сметаме за критични во отстранувањето на структурните слабости на економијата.
Во Фајнанс тинк сметаат дека извештајот го продолжува нагласениот критички тон за однесувањето на фискалната политика и јавните финансии во претходната година (септември 2024 – септември 2025), и тоа на неколку пункта: Фискалната консолидација е бавна, особено во контекст на преземените обврски за големи гаранции за кредитите од комерцијалните банки и засиленото трошење по Ребалансот на Буџетот од 2024 година, рефлектирано во информациски систем (IFMIS)
Ова одложување создава неколку негативни ефекти:1.) се одложува воспоставувањето системска фискална дисциплина. Тоа значи дека без имплементација на фискални правила, растот на тековните трошоци останува ненадгледуван; и2.) се оневозможува среднорочно планирање врз основа на реални капацитети, а институциите продолжуваат да проектираат „амбициозни, но неостварливи“ капитални проекти.
Капиталните расходи и понатаму се предмет на нереално проектирање. Оттука, тие повторно се предмет на кратење при ребалансирање на Буџетот. Извештајот ја нагласува неодржливоста на шемата според која, при Ребаланс на Буџетот, капиталните расходи се кратат (за 17.3% во 2024), а за сметка на тоа растат тековните трошења, барем делумно (9% во 2024), за да може да се финансира отплата на заостанати обврски, зголемување на платите во јавниот сектор, зголемувањето на пензиите и зголемените трансфери кон фондовите и општините.
Фајненс Тинк апелира ваквата шема на буџетско планирање и прекројување во текот на годината да се напушти.Како резултат на овие движења, буџетскиот дефицит за 2024. изнесуваше 4.4% од БДП, што е значително над првично планираното ниво од 3.4% од БДП, предвидено во среднорочната патека за намалување на дефицитот кон 3% до 2026 година, а во согласност со новите фискални правила.
Европската Комисија потенцира дека ова произлезе „по крупната ревизија на Буџетот и последователните ребаланси“, при што средствата за капитални расходи беа скратени, додека средствата за тековни расходи, пред сé за плати, пензии и трансфери – беа зголемени.
Фискалната политика не ја поддржа монетарната политика во битката со инфлацијата. Извештајот наведува: „… Монетарната политика е ограничена од фиксниот курс и од вишокот ликвидност, и тоа ја прави фискалната политика главен стабилизатор [на инфлацијата, н.з.]. Но, експанзивната фискална политика го стесни фискалниот простор и ризикуваше зголемување на домашниот ценовен притисок“.
На овој инфлациски ризик од буџетските трошења Фајненс Тинк укажа во коментарите за Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година од 19. ноември 2024, и во ФТ ставот за ребалансот на Буџетот 2025 од 1. Јули 2025. Во однос на инфлацијата, извештајот ги нагласува домашните ризици, посебно оние што произлегуваат од високиот номинален раст на платите.
Тоа е целосно во линија со анализата на ФТ за движењата кај цените од 7 август 2025, во која беше оценето: „…притисоците врз цените сè помалку доаѓаат од глобалните пазари или од страната на храната, а сè повеќе се резултат на засилена домашна побарувачка, високи реални доходи и услужен сектор кој ги коригира цените нагоре.“ Оттука, и понатаму е неопходна внимателност и на монетарната и на фискалната политика во овој поглед, оценуваат од Фајненс Тинк.Извештајот на ЕК нагласува дека времените ограничувања на цените и маржите кај храната придонесоа кон волатилност на инфлацијата.
Како резултат на овие движења, буџетскиот дефицит за 2024. изнесуваше 4.4% од БДП, што е значително над првично планираното ниво од 3.4% од БДП. Европската Комисија потенцира дека ова произлезе „по крупната ревизија на Буџетот и последователните ребаланси“, при што средствата за капитални расходи беа скратени, додека средствата за тековни расходи, пред сé за плати, пензии и трансфери – беа зголемени.
Во остатокот од економскиот дел, Извештајот се фокусира врз потребата од структурни реформи за чие спроведување и резултати е потребен подолг рок, а тоа се областите на човеков капитал, физичка и енергетска инфраструктура и иновации, кои во најголем дел беа присутни и во претходните Извештаи, заклучува анализата на Фајненс Тинк.

