На 14 август 2025 година, Њујоршката берза беше сведок на спектакл што ретко се гледа. Компанијата „Булиш“ (Bullish), крипто берза поддржана од милијардерот Питер Тил, не само што дебитираше со својата иницијална јавна понуда (IPO), туку настапи со вистински пазарен спектакл кој ги изненади и најискусните аналитичари.
Сè започна со поставување на IPO цената од 37 долари по акција, што веќе беше над очекуваниот распон. Но, кога ѕвончето на берзата конечно ѕвончеше, „Булиш“ отвори со задивувачки 90 долари, достигнувајќи врв од 118 долари, пред цената да се стабилизира на околу 85 долари.
Тоа не беше само обичен ден за тргување. Толку брзи и остри се промените на цените, што Њујоршката берза неколкупати го прекинуваше тргувањето, обидувајќи се да го смири пазарот. Причината? „Волатилно тргување“. Или со други зборови направи лудило на пазарот.
„Булиш“, кој е и матична компанија на познатиот крипто медиум CoinDesk, успеа да собере 1,1 милијарда долари преку IPO, што првично ја процени вредноста на компанијата на околу 5,4 милијарди долари. Но, берзата имаше други планови. Вредноста скокна на над 13 милијарди, а во еден момент достигна и 17 милијарди долари.
Според документите доставени до Американската комисија за хартии од вредност (SEC), Брендан Блумер, коосновач на компанијата и директор на Block.one, ќе задржи над 30% од акциите, додека извршниот директор Томас Фарли (поранешен претседател на Њујоршката берза) ќе поседува 3,8%. Исто така, се очекува и фондови како BlackRock и ARK Investment да инвестираат до 200 милиони долари во компанијата.
Овој успех доаѓа како дел од новиот бран IPO успеси. Претходно годинава, CoreWeave, компанија за вештачка интелигенција, веќе забележа раст од 210%, а Circle, издавачот на стабилната валута USDC, ја надмина својата почетна цена повеќе од двојно. Минатиот месец, Figma успеа да привлече 1,2 милијарди долари и да ја зголеми својата вредност за над 250%.
„Булиш“ започна во 2021 година, токму во моментите кога крипто индустријата ја менуваше својата кожа – од маргинална појава до глобален финансиски систем. Под раководството на Фарли и со поддршка од Питер Тил, „Булиш“ успеа да оствари волумен на тргување од над 1,25 билиони долари до март 2025 година.
Иако во 2022 година компанијата првично се обидуваше да излезе на берза преку спојување со Far Peak Acquisition Corp., вредно 9 милијарди долари, тие планови пропаднаа. Но, тоа се покажа како благослов во прикривање, IPO-то во 2025 беше триумфален доказ за издржливоста и стратегијата на компанијата.