Онлајн трговијата во Македонија расте за 260 проценти, земјата меѓу водечките во регионот

Електронската трговија станува секојдневие за македонските граѓани, покажуваат најновите податоци и трендови на глобално и домашно ниво. Купувањето и плаќањето преку интернет бележи значителен пораст, при што дигиталните платформи стануваат составен дел од економијата.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел кој бара поддршка од државата. „Потребни се модерни дигитални платформи, регулаторна предвидливост и иновации ориентирани кон пазарот. Намалувањето на бирократијата и отворањето на податоците за бизнис-заедницата се клучни за современа држава,“ нагласи Андоновски.

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска Станков, оцени дека дигиталната зрелост на регионот сè уште е на ниско ниво, но дека мора да се работи на забрзување на тие процеси.

Само во последниот месец, преку државната Платформа за интероперабилност биле реализирани над 2,6 милиони дигитални трансакции – раст од 260 проценти во споредба со минатата година. Овој резултат ја позиционира Македонија меѓу водечките земји во регионот во областа на дигиталните услуги и е-трговијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен