Земјоделците во третиот квартал оствариле 84.552 евра од продажба на произведеното

Откупот и сопствената продажба на земјоделски производи во третиот квартал од 2025 година забележале раст во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупниот пласман на земјоделски производи изнесува 5,2 милијарди денари (84.552 евра). Од нив, преку откуп се реализирани 2,7 милијарди денари, додека останатите 2,5 милијарди денари земјоделците ги заработиле преку директна продажба на сопственото производство.

Според податоците, откупот од индивидуалните земјоделски производители во третиот квартал пораснал за 12 проценти во споредба со истиот период минатата година. Продажбата од сопствено производство, пак, бележи раст од 8,8 проценти.

Гледано по групи, најголем раст има кај откупот и продажбата во овоштарството – дури 71,3 проценти. Пад е забележан кај продажбата на риба и алкохолни пијалаци.

Податоците по поединечни производи покажуваат дека во третиот квартал се продадени 35.814 тони пченица, 4.276 тони домати и 55.436 тони грозје. Продажбата на млеко изнесува 269.814 тони, што е за 15.204 тони помалку отколку лани. Најголем пад е забележан кај печурките: од 40.990 тони минатата година, годинава се продадени само 6.324 тони.

Извор: ДЗС

Зачлени се на нашиот е-билтен