Брисел пушта зелено светло, Скопје вози во лер

Ветувањата за „брза трака“ кон Брисел уште еднаш се судрија со европската реалност. Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска му подаде рака на Западниот Балкан во име на Брисел, но премиерот Христијан Мицковски одговори со добро познатото – флосклула и декларативна поддршка. да „работи“ низ со флоскули за евроинтеграции, Македонија нема да остане само во чекалницата на ЕУ – туку и во чекалницата на сопствениот развој.

Кос беше недвосмислена: „Првпат во историјата на Европа имаме јасен консензус за проширување, но шансата нема да трае вечно.“ Додека Албанија веќе отвори три кластери, а Црна Гора затвора поглавја, Македонија е заробена во партиски препирки и кадровски реваншизам. Владата на ВМРО-ДПМНЕ повеќе е фокусирана на именувања по партиски аршин отколку на ветинг на судии и удар врз високата корупција – реформи што Кос ги нарече „клучни и болни“.

Еврокомесарката потсети дека проектот на Унијата е да изгради „независна Европа каде граѓаните одлучуваат за својата иднина“. За тоа, порача таа, треба да се зајакне конкурентноста, демократските институции да се заштитат од „надворешни непријатели“, а безбедноста на континентот да се стави во сопствени раце. Токму на тие три полиња Скопје стагнира: економските реформи се сведени на козметика, борбата со дезинформациите е препуштена на невладиниот сектор, a армијата останува во финансиска сенка.

Уште посуров е контрастот со трагедијата во Кочани. Европа за неколку часа организираше медицинска евакуација, а соседите Србија, Грција и Бугарија први испратија помош. Македонските институции, пак, сè уште немаат завршено основна истрага за причините за пожарот, додека владини министри се препукуваат за надлежности. Симболиката е јасна: Европската унија реагира побргу на македонски кризи отколку што реагира сопствената влада.

Планот за раст на ЕУ нуди свежи милијарди евра, со услов – структурни реформи и владеење на правото. Но наместо да ги искористи парите за зелени инвестиции и дигитализација, Кабинетот на Мицковски подготвува нов сет на даночни ослободувања за „стратешки инвеститори“ блиски до партијата. Влогот е огромен: без видлив напредок до крајот на 2025, Македонија ризикува да го пропушти буџетскиот циклус на ЕУ и повторно да ѝ избега возот.

Кос јасно порача дека реформите „задираат во закоравени структури на интерес и моќ“. На македонските власти им останува изборот: или ќе ги демонтираат тие структури и конечно ќе ја откочат европската агенда, или ќе продолжат да возат во место – со опасност шансата за обединета Европа да помине без нас. Пораката на Кос е едноставна, но алармантна: Европската врата е отклучена; на Скопје му останува да ја отвори. Доколку Владата продолжи да „воздира“ со флоскули за евроинтеграции, Македонија нема да остане само во чекалницата на ЕУ – туку и во чекалницата на сопствениот развој.

Зачлени се на нашиот е-билтен