Во ова интервју од серијата „Имаме неколку прашања за вас“ на Рацин.мк, разговараме со Марко Бислимоски, претседател на Републичката комисија за енергетика.
Во фокус на овој разговор е новиот закон за енергетика кој е во неговата завршна фаза на подготовка.
Како што посочува Бислимоски, законските новини се однесуваат на вклучувањето на македонската во регионалната мрежа на пазарите со електрична енергија како прв чекор кон единствениот паневропски пазар на електрична енергија којашто е и целта на сите овие реформи.
Бислимоски говори и за поволностите за инвестирање во фотоволтаични и ветерни електрани како приоритет во енергетската стратегија на државата, како и за развојот на капацитети за батериските системи за складирање на електричната енергија од обновливите извори.
Со Марко Бислимоски разговараше Зоран Бојаровски
Рацин: Република Северна Македонија ја подгтвува, во тек е подготовката на новиот закон за енергетика, кој се очекува да донесе сериозни индиции и показатели во која насока треба да се развива енергетскиот сектор во Република Северна Македонија.
Вистинското место, едно од вистинските места, се разбира, за одговори на прашањата што претпоставува законот, каква стратегија се потготвува, што ќе донесе тој е Регулаторната комисија за енергетика. Затоа сме денеска тука со претседателот на комисијата, господинот Марко Бислимоски, со кој ќе поразговараме во серијата „Имаме неколку прашања за вас“ на порталот Рацин за овие прашања што ги најавив.
Господине Белимоски пред месец дена ми се чини беше последната средба со делегацијата Европската енергетска заедница на која беше посочено дека Македонија треба да продолжи поинтензивно со реформите во енергетскиот сектор.
Кој беше фокусот? Што беше она што го препорачаа од енергетската заедница? Ние едно време бевме лидери во регионот во реформите во енергетскиот сектор.
Бислимоски: Во овој момент ниту една земја во регионот, членка на енергетската заедница, ги нема во своето законодавство имплементирани обврските коишто произлегуваат од таканаречениот четврти пакет.
Овие обврски пред се се однесуваат на регионалната соработка на земјите, односно давање на простор на што е можно поголемо така наречено спојување на пазарите, пред сѐ на електрична енергија и на природен гас и токму тоа беше главната тема која што ја водевме на разговорите со директорот на секретаријатот на енергетската заедница господинот Артур Лорковски со посебен акцент до каде е Македонија во однос на поврзувањето на пазарите со електрична енергија.
Имено веќе пред две години започна еден процес во којшто сме вклучени и ние како регулаторно тело, а така и регулаторните тела од Грција, Албанија и Косово, заедно со преносните систем оператори од овие четири земји и од маркет, пазарните оператори, работиме на поврзување на пазарот на електрична енергија помеѓу овие четри земји и целиот овој проект беше на некој начин поддржуван од страна на националниот регулатор на Соединетите Американски Држави исто така со помош на Агенцијата за енергетика на САД со огромна финансиска помош од USAID.
За жал со последните случувања овој проект, како проект којшто го водеа овие институции од Соединетите Американски Држави е запрен, но имавме интензивна комуникација сите институции вклучени и заедно сме договорени со помош на секретаријатот на енергетската заедница, овој проект ќе продолжи.
Овој проект е битен поради тоа што во Македонија има голем број на инвестиции во обновливи извори на енергија и факт е дека нашите потреби од електрична енергија веќе ги задоволуваме во најголем дел.
Имаме увоз, но тој е сѐ повеќе и повеќе се намалува. Така да на Македонија е потребно за да може да се пласираат вишоци на електрична енергија кога ќе има, да се отвараат нови пазари, а токму ова пазарно поврзување помеѓу овие четири земји тоа ќе го овозможи.
Иста е таква ситуацијата и во Грција. Грција две години по ред од земја којашто увезуваше електрична енергија во последниве две години на крајот на годината кога се прави пресек е земја којашто извезува електрична енергија.
Затоа велам во најголем дел се фокусиравме на ова пазарно поврзување што исто така ќе биде дел и од новиот закон за енергетика којшто е во завршна фаза на освојување.

Токму тоа сакав да ве прашам, дали овие препораки ќе бидат вклучени во новиот закон за енергетика?
Четвртиот енергетски пакет се однесува на регионална соработка и од овие причини усвојувањето на новиот закон е битно заради тоа што ќе има одредени работи коишто мора да се формализираат.
Се отвара простор и се прави законска основа за регионална соработка која најпрвин е со овие земји. Понатака сигурен сум дека ќе се вклучат и Црна Гора, Бугарија, Србија.
Од друга страна имаме еден други земји, Србија заедно со Црна Гора и со во Италија, работат на нивно пазарно поврзување и на крај сите тие да речеме поединечни регионални пазари ќе се спојат во еден голем голем регионален пазар којшто ќе стане дел од единствениот паневропски пазар на електрична енергија којашто е и целта на сите овие реформи коишто се прават во не само во Македонија, туку и во Европската Унија.
Што можете да да кажете повеќе за некои други аспекти кои се важни, а кои се опфатени во во законот што е во подготовка, односно за кој велите дека е веќе во завршна фаза?
Во законот, во тој нацрт текст, се работи на овозможување на поставување на батериски системи за складирање на електрична енергија.
Има еден дел којшто е одлично разработен и којшто го овозможува токму тоа, да имаме еден тренд и еден процес на забрзано поставување на батериски системи. Ова е многу битно поради тоа што во Македонија се изградија многу фотоволтаици, за последните три години околу 1000 мегавати, вклучувајќи некои ветерни електрани, биогасни електрани, мали хидроелектрани и да тоа е добро за портфолиото на земјата од една страна, но фотоволтаичните електрани и ветерните електрани се извори на електрична енергија коишто не секогаш се предвидливи.
А за да се води еден систем треба во секој на секои 15 минути побарувачката од една страна и производството и набавката на електрична енергија од увоз да се подеднакви за да се држи системот стабилен.
За да го за да го правиме тоа, покрај ова што ги имаме хидроелектраните, за тоа ни се потребни батериски системи за складирање коишто ќе овозможат електричната енергија да се складира и потоа да се користи за продажба на пазарот на електрична енергија, но и за давање на систем резерви коишто се битни за балансирање на целокупниот електроенергетски систем.
Инаку како битна работа во однос на батериите е што многу побрзо се инсталираат и има голем интерес веќе кај инвеститорите коишто изградија фотоволтаични електрани, бидејќи во текот на денот се соочуваат со релативно ниски цени, особено за викендите коишто се некаде блиску и до нула и апсолутно нема тука пазарна логика во тие периоди тие да продаваат електрична енергија кога е близу до нула и со батериите се овозможува во тој период кога има поголемо производство на електрична енергија од фотоволтаиците, таа електрична енергија да се складира во батериите и понатака да се нуди на пазарот на електрична енергија некаде после 19, после 20 часот кога има далеку повисоки цени на електрична енергија.
Инаку да ги потсетиме нашите гледачи дека батериските системи, батериското складирањето на електричната енергија, беше нешто за кое вие се залагавте многу одамна кога почна целиот развој на фотоволтаици и на овој тип на развој на енергетскиот систем кај нас и секогаш напоменувавте дека тоа е сегментот што ни недостасува. И сега очигледно доаѓаме до таа фаза кога ќе се овозможи инвестиции, складирање.
Апсолутно, мора. Кога имате интензивна изградба на фотоволтаици, таа мора да се следи и со зголемен обем на системски резерви коишто се потребни за системот да биде стабилен.
Системски резерви се обезбедуваат од хидроелектрани и се обезбедуваат од гасни електрани. За да се направи една гасна електрана треба подолг период, да речеме три до пет години. За да се направи една голема хидроелектрана сигурно треба десетина години и затоа велам дека во кус рок проблемот со можните дебаланси на системот најдобро ќе се реши со овозможување на поставување на батериски системи за складирање на електричната енергија.

Дали новиот закон го овозможува и го поттикнува развојот, инвестирањето во обновливи извори на енергија, односно во фотоволтаици, бидејќи стана веќе пословично дека Македонија е земја на сонцето и дека го имаме тој капацитет?
Да, апсолутно тоа го овозможува. Ако во изминативе 40-тина години рбетот на нашата енергетска независност ни беше лигнитот којшто го имавме за користење, повеќе лигнитот го немаме, тоа што го имаме е со сѐ полош капацитет.
Сега македонската енергетска независност ќе ја обезбедуваме помеѓу другото во најголем дел и од фотоволтаичните електрани и од ветерните електрани и верувам дека таму каде што има услови да се изгради една голема хидроелектрана, тоа е пред се проектот Чебрен, дека тоа ќе го завршиме за да можеме да зборуваме за стабилен електроенергетски систем.
Инаку не само Македонија, сите земји во регионот ќе се соочат со сериозни предизвици во однос на водењето на електроенергетските системи. Веќе грчкиот оператор, преносен систем оператор, пред две недели објави дека е се можни проблеми во водењето на системот во Грција за време на Велигденските празници поради тоа што оваа година се во ист ден и католичкиот и православниот Божиќ, тогаш производството на фотоволтаиците не прашува дали е Велигден или не е, ќе биде екстремно високо, но потрошувачката ќе биде екстремно ниска поради тоа што во Европа речиси во цела Европа ништо нема да работи.
Така да ќе имаме големо производство на електрична енергија, а ниска потрошувачка што од аспект на водење на систем може да претставува посериозен проблем и сосема е возможно да има и случаеви кога дел од фотоволтаичните електрани во некои земји, вклучувајќи ако има потреба и во Македонија, ќе си даде налог операторот на преносниот систем, во овој случај тоа е нашиот МЕПСО за исклучувањето на одредени фотоволтаични електрани.
Има ли уште нешто што би сакале да го посочите како важно за да ја комплетираме сликата за големата слика за енергетика кои се однесуваат на енергетската независност на нашата земја. Што е тоа уште на што уште би ставиле акцент вие?
Ние енергетската независност можеме да обезбедиме само во делот на електричната енергија, бидејќи 100% од природниот гас ги увезуваме, нафта увезуваме. Со овој закон се овозможува поедноставување на процедурите за изградба, односно за доградба, во нашиот случај на преносниот систем за природен гас. Исто така процедурите за изградба на нови дистрибутивни системи за природен гас и она што е битно веќе полека, полека, со опремата којашто ќе се поставува во новата интерконективна врска која ќе се кога ќе започне со градба наскоро со Грција, веќе таа е подготвена да може низ овие цевки да поминува и водород.
Значи тие се со поголем пресек, така да во таа насока се движи и новиот закон за енергетика. Едноставно, во новиот закон за енергетика, ние како земја којашто сме ја основале енергетската заедница и тој договор за основање е ратификуван во македонското собрание, имаме обврска тоа што произлегува од тие европски директиви да ги применуваме во нашето домашно законодавство.
Дали во законот е поставена рамката за тоа кои се приоритетите? Домашни или странски инвестиции во енергетика?
Во законот и домашниот и странските инвестиции имаат еднаков третман. Она што се прави со законот е досега, до скоро, за изградба на нови производни капацитети над 10 мегавати, Владата беше задолжена да дава овластување за изградба на нов производен капацитет. Тоа ќе биде и понатака, но ќе го издава владата тоа овластување, но сега за производни капацитети над еден е мегават. Тоа е со цел да се воведе поголем ред во однос на инвестициите, пред сѐ во фотоволтаиците, бидејќи факт е дека и нашата мрежа отприлика може да прими одреден капацитет на фотоволтаични електрани. Тоа не е неограничено.
Се разбира, треба да се овозможи на и на МЕПСО и на електродистрибуција да инвестираат во зголемување на капацитетот на мрежата за да може да примаме и што е можно повеќе обновливи извори на енергија.
Дали сето тоа ја прави Северна Македонија привлечна дестинација за инвеститорите во енергетиката?
Ја прави апсолутно во делот на фотоволтаиците од причина што фотоволтаикот е технологија која што не му треба екстремно топло време. И вие ако гледате кога се анализира Македонија, најдобро производство има во југозападна Македонија во делови каде што не е толку топло времето.
И вкупно кога ќе се анализира Македонија има многу подобри карактеристики, да речеме тоа јасно, споредено со Србија, имаме подобри карактеристики од Косово. Понекогаш тоа топло време коешто ги има во Грција не одговара баш во летниот период.
Кај нас во овие подрачја кај што се поставија фотоволтаиците имаме пониски температури, така да сето тоа се овозможува со новиот закон за енергетика и со новиот закон за енергетика помеѓу другото она што е битно се остава како што е предвидена во европските директиви – независноста на регулаторната комисија за енергетика, особено во делот на финансирањето.
Значи едно тело за да биде независно покрај поставеноста во законот за енергетика мора да има и финансиска независност и оваа финансиска независност којашто е востанавена за регулаторната комисија за енергетика уште од 2002 година продолжува и со во новиот закон за енергетика барем во онаа верзија која што имав можност јас да видам.

Сега би сакал да го освртиме вниманието кон кон природниот гас. Едно време имаше прилично интензивни работи кога се градеше секундарната мрежа и таа е мислам дека е завршена веќе. Но остана некако заглави целиот процес заради интерконекторот колку што можам јас да проценам, иако сега скоро имаше вест од Грција дека таму е веќе утврдена компанија која ќе го изгради интерконекторот до границата, односно до местото каде што ќе биде поврзана со Северна Македонија. Имаме ли некаква проекција кога тоа може сето да се заокружи како систем и да потече гасот кој толку време го чека?
Во Македонија имаме една примарна мрежа, една цевка да речам, која што влегуваше во Македонија од Бугарија и проаѓа покрај Паланка, тука во тој дел околу Кратово ги продолжува Куманово и Скопје. Во изминатите да речам 10 години почна развојот на магистрални гасоводи низ државата, како што ја кажавте вие таа секундарна мрежа. Таа е раширена, проаѓа и Кавадарци, Прилеп, мислам дека веќе и до Битола, исто така се спушта и до Тетово и Гостивар во тој дел на Македонија каде што има потенцијал за да има потрошувачка на природен гас.
Но, покрај тоа, да не го заборавиме тоа во целиот овој процес, природниот гас се смета за транзиционо гориво. Затоа што има CO2 емисии и така го третира и Европската Унија во своето законодавство. Со ова што се гради сега во Македонија се овозможува полека низ тие цевки, кога ќе се изградат и станици за производство на водород, и тие да бидат вклучени и тие да можат да поминуваат низ оваа мрежа.
Најбитен дел којшто мора да го направиме и мислам дека во наредните неколку месеци ќе почне и со градба, тоа е новата интерконективна врска со Грција. Таа ни е битна поради тоа што правиме диверсификација на изворите на природен гас.
Досега гасот којшто доаѓа во Македонија доаѓа преку Турција па доаѓа во Бугарија и во Македонија и факт е дека е претежно во најголем дел е руски гас. Има одредени веќе трговци коишто носат во Македонија и гас којшто се обезбедува од терминалите во Грција и тоа го гледаме јасно со податоците коишто ги имаме за квалитетот на природниот гас којшто се мери на влезот во државата, но со новата интерконективна врска апсолутно ќе ни се овозможи пристап на природен гас и од неколкуте LNG терминали кои што се направија или се во завршна фаза во соседна Грција, така да верувам дека тоа многу позитивно ќе влијае на цената на природниот гас, бидејќи помеѓу себе ќе се конкурира и цената од LNG терминали, ќе си конкурира и руски гас и што е многу битно, она што се малку се заборава е со тоа што ние со оваа интерконекција преку Грција фактички ќе бидеме врзани на ааа ТАП проектот од каде што доаѓа во најголем дел азербејџански гас.
Значи тие се извори на природен гас коишто ги има и во Европа, ги има и во Македонија. Во нашиот регион ние не можеме да очекуваме дека ќе ни дојде гас од Норвешка или од Холандија и од Велика Британија…
Географијата не го дозволува тоа…
Оваа интерконекција е битна поради тоа што на некој начин таа ќе биде транзитен гасовод. Потпишан е меморандум за поврзување со Србија. Значи од Македонија ќе продолжи и во Србија, а се планираше и еден крак да заврши и во Косово.
Во Косово во одреден период немаше интерес од од тамошната политичка структура, но верувам дека тоа ќе се промени имајќи во предвид дека и Косово е земја којашто пред сѐ произведува електрична енергија во најголем дел од јаглен, да го има во изобилство, но исто така Косово е соочено со воведувањето на CO2 таксата од 1 јануари 2026.
Така да верувам дека и Косово ќе биде заинтересирано за да се приклучи на овој гасовод во Македонија и конечно Македонија да стане, имајќи ја во предвид својата географска местоположба, да стане и транзитна земја за природен гас.
Дали тоа ќе помогне едно време имаше прилично контроверзии околу когенеративните централи кои нели произведуваат за електрична енергија, но во исто време можат да произведуваат и побрзина енергија. Дали тоа ќе го поттикне ќе ја поттикне изградбата?
Апсолутно. Ние во овој момент во Скопје имаме една голема когенеративна постројка, таа е Тето. Потоа имаме една во рамките на Железара и има една помала, таа е беше Когел, сега е сопственик ЕСМ, државната компанија.
Така да овие когенеративни постројки ни се битни од причина што обезбедуваат системски резерви на системот за балансирање. Ние, ако гледате на долг рок, јагленот мора да го заменуваме со природен гас. Во Битола тоа што е јаглен, до кај што имаме, до кај што можеме да го користиме, но треба да размислуваме и тие термоелектрани да ги да ги замениме со когенеративни постројки.
И Скопје има потенцијал за когенеративна постројка поголема. Јас верувам и Битола дека мора да има да се изгради во Битола поголема когенеративна постројка за да почнат да се заменуваат блок по блок битолските термоелектрани и секогаш остава можноста да се види дали може и помали когенеративни постројки да се поставуваат во градови во државата, каде што има интерес и можност да се развие дистрибутивна мрежа за топлинска енергија, којашто е факт дека во моментов е најевтин начин на загревање на граѓаните.
Ви благодарам за оваа голема слика за енергетската иднина на Македонија, стратегијата којашто представува, но на крајот сакам да ви поставим едно прашање, еве да им посветиме малце внимание конкретно на граѓаните. За нивните лични придобивки што можат тие да ги остварат како домаќинства, доколку прифатат некои од можностите кои им ги нуди оваа реформа во енергетскиот сектор. Мислев дали се, дали тоа се фотоволтаиците, еве да да го избегнеме одговорот кој се однесува на стандардните повици за штедење на електричната енергија, но што е тоа што би им го препорачале и како да го направат тоа за да можат да си ги олеснат сметките и малце подобро да живеат во во таа смисла.
Граѓаните во Македонија штедат, особено по имплементирањето на блоковското тарифирање. Но она што е јасно и што очекувам ја да се случи во Македонија исто така посериозен бум е поставување на фотоволтаични панели кај самите домаќинства.
Тоа има сериозен потенцијал. Кај нас во Македонија е максимално дозволено сега 6 киловати. Мислам дека би било добро да се зголеми таа граница.
Ја има ли таа можност во новиот закон?
Ја има, но тоа се овозможува со правилник за обновливи извори којшто го усвојува Владата. Кај домаќинствата кај нас најголемите трошоци се заради загревањето на домаќинствата и исто така болјерите.
Тоа е во најголем дел потрошувачката. Она што е јасно е поставување за да се намали потрошувачката на кај болјерите може со колектори, но сега се прават и системи со фотоволтаици коишто дел од своето производство го користи и за топла вода, така да Македонија во делот на домаќинствата има сериозен потенцијал.
Ако се задржиме до овие бројки, да речеме 100.000 домаќинства во Македонија да стават по 6 киловати фотоволтаици, тоа е 600 мегавати. За да биде разбирливо за што збориме, тоа е, од аспект инсталиран капацитет, како трите блока во Битола.
Во Македонија има околу 600-700.000 домаќинства, така да имаме и таму сериозен потенцијал и на тој начин ќе си ги намалат трошоците за електрична енергија.