Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јерчиќ: Театарот не е евтина забава без чувство на одговорност

Битолскиот Театар секогаш негувал некоја посебна естетика. Театар кој успева преку
класичната литература и драматургија да влезе во денешното време и низ современ
третман на класиците, да промовира нови текстови кои носат некаква актуелност и
свежина. За битолчани, театарот е пред сè уметност која што треба да биде
ангажирана и треба да говори за денешното време, затоа што се друго би било
некакво мртво слово на хартија. Битолскиот театар преку својот репертоар критикува,
но во исто време и ја анимира публиката без притоа да нуди некаква ефтина забава
без чувство одговорност. Театарот за овој град е институција и столб на културното
живеење на градот.

За Битолскиот Театар и неговата улога и значење и за тоа колку театарот го отсликува
времето во кое живееме, Адријана Георгиев од Трн.мк разговараше со директорот Иван Јерчиќ.

– Театарот е жилав, театарот преживува и таа сила која му ја дава жилавоста е токму третманот на темите кои го засегаат современиот човек било во кое време да се работи. Затоа ние доста внимаваме на тоа да ги донесеме и темите од минатото и класиците во денешно време и тоа да коресподира со денешната публика и се надевам дека успевам. Некогаш сме поуспешни, некогаш ќе ја промашиме темата, но сепак се трудиме да работиме. Јас кога влегов во канцеларијата на Народен Театар Битола, прашањето беше дали да се занимаваме со тоа да ја вратиме на некаков
начин публиката во салонот, или пак да се занимаваме со некаков концепт или идеја што сакаме ние да правиме со театарот и да продолжиме во некаков континуитет. Според мене кризата е очигледна и тоа не само кај нас, туку еве и во целиот регион, баш поради појавата на социјалните медиуми и на телевизијата и луѓето имаат се помалку време да посветат на тоа да одат во театар или да гледаат некаква претстава. И ние театарските работници сме виновни за тоа. За тоа дека им нудиме некаква евтина забава без чувство за никаква одговорност и ги внесуваме во тој цикличен круг на таканаречен граѓански театар кој што се почнува и завршува и се затвара некаков
круг и животот кој се нуди од сцената завршува на тоа да има некакви само херои и анти херои и некаква мелодраматична приказна или монада која што на некој начин би требало, или пак евтина комедија која би требало да ги не знам, да им овозможи на луѓето да излезат од театар задоволни – вели Јерчиќ.


Улогата на театарот е да критикува, но во исто време и да ја анимира публиката, особено денес во време во кое шундот и кичот се на доста висока позиција во општеството. Дилемата е секогаш дали да и се понуда на публиката неколку часовна забава или пак да се се направи престава која ќе донесе поинаква димензија пред публиката и ќе отвори прашања на кои не секогаш сме спремни да размислуваме и да одговараме…


-Некогаш кога влегуваме подлабоко во работите внатре или кога размислуваме,
можеме многу лесно да сфатиме и да се помириме со тоа дека некаков спас нема, но
сепак борбата за театарот е тука и е многу важна. Ние на некој начин се стремиме кон
постигнување тој квалитет и секогаш сакаме да кажеме нешто со претставите, без
разлика дали тоа и се допаѓа на публиката или не. Според мене лично е, театарот не е евтина забава на моментот за публиката. Можеби е премабициозно, но секој еден од публиката треба да излезе со некакво прашање, или со некаква одговорност која ќе ја сподели со луѓето којшто го говорат тоа на сцената– вели Јерчиќ.


Битолскиот театар кој пред 20-тина години имал и до 18 илјади посетители, сега е сведен
на шест до седум илјади луѓе.
-Ние се бориме, мене ми е драго дека има сѐ повеќе и повеќе млади луѓе што доаѓаат
на претставите и сум доста задоволен од посетеноста. Битен чинител е бидејќи театарот можеби е единствената институција во Битола која што има некоја сопствена продукција и која што се труди да ја доближи културата до битолчани– објаснува Јерчиќ.


А публиката во Битола годинава ќе ја гледа „Вујко Вања“ на Антон Павлов Чехов во
режија на Софија Ристевска претстава која ја имаше неодамна својата премиера. Потоа
„Хамлет- денот на убиствата“ по текстот на Бернар- Мари Котлес, по режија на
Маријан Нечаќ. Во моментов се подготвува нова претстава, „На дното“ од Горки во
режија на Кендрим Ријани и до крајот на година ќе има уште две претстави кои што се
поддржани од Министерството за култура, едната е „Хери 4“ на Пирандело во режија
на Никита Миливоевич и последната премиера е „Повторното обединување на двете
Кореи“, на еден современ текст од крајот на минатиот век на Жоао Померан во режија
на млад словенечки режисер, Јузијар. Се планира и „Галеб“ на Чехов во режија на
Багријана Попов, режисерка од Бугарија.

Адријана Георгиев

Преземено од Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен