Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Николовски: Со успешни политики, станавме прва во регионот и 13-та земја во светот по извоз на вино

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски во интервју за Слободен печат истакна дека Министерството што тој го предводи во изминативе години презело доста мерки и политики за унапредување на агросекторот.

Покрај зголемените субвенции, авансната исплата на финансиската поддршка, Николовски го издвои и зголеменото производство и извоз на македонско вино, кои според него, во последните години достигнуваат рекордни износи.

„Извозот на македонско вино достигна рекорд од 59 милиони евра, што никогаш не било и како никогаш досега се извезува најголем процент на флаширано вино. Ние сме први во регионот во 2023 година, станавме прва земја во регинот  пред Бугарија, Грција, Словенија пред Хрватска по извоз на вино, односно 13-та земја во светот. Тоа е резултат на сите политики кои ги преземавме“, посочи Николовски.

Тој додаде дека тоа поттикнало и отворање на нови винарии, што придонесува за уште поголемо производство но и отворање нови работни места.

„Од над 30 винарии во 2013 година, денес имаме 255 винарии. Со промени во регулативата, со поддршка на создавање на мали семејни винари имаме постојан раст на овие капацитети“, заклучи Николовски.

„Субвенциите за ориз во 2016 година и до 2016 година по хектар беа 6.000 денари, денес субвенциите за ориз по хектар се минимум 18.000 денари што значи 300% се зголемени, а достигнуваат доколку користат семенски материјал дури и до 25.000 денарари. Тоа е од 300% до 400% зголемување. Откупната цена беше 11 и 17 денари на оризовата арпа, денес е над 40 денари оризот што се откупува. Имаме низа на мерки преку програмата за рурален развој. Во кочанско може да видите голем број на специјализирани комбајни за ориз, специјализирани сушари итн. Институтот за ориз беше една зграда која беше заборавена во која никој нема влезено, денес таму работат млади инженери, агрономи, посветени луѓе и го издигнавме и институтот. Оризот е значајно извозно ориентирана култура која што е и наша традиција и која треба да ја чуваме“ рече тој.

Николовски потсети дека од 2023 година, за првпат започна авансна исплата на субвенциите, со што, како што додаде, сега земјоделците парите ги добиваат тогаш кохга им се најпотребни.

Зачлени се на нашиот е-билтен