Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петре Арсовски: Сега ми се живее најпојќе

Петре Арсовски, глумец  од првата генерација дипломирани актери кај нас, прославува 55 години актерска кариера со многубројни остварени филмски и театарски улоги. Тој сосема искрено и отворено во интервју за Трн.мк, за својот животопис и филмопис.
Изгледајте го до крај интервјуто кое трае 14 минути и 29 секунди. Реткост е денеска да слушнете искази на луѓе со толку богато и значајно искуство, и лично и професионално.

Петре Арсовски, глумец  од првата генерација дипломирани актери кај нас, прославува 55 години актерска кариера со многубројни остварени филмски и театарски улоги. Тој сосема искрено и отворено во интервју за Трн изјави дека не се прават веќе филмови како „Тетовирање“, „Среќна Нова“, „Најдолгиот пат“ затоа што и покрај тоа што буџетот е многу стеснет, се појавиле и мангупи, кои многу често парите си ги ставаат во џеб. Сеќавајќи се на минатото тој со насмевка сподели дека порано многу често бегал од снимања и режисерите му се заканувале дека повеќе нема да добие улога.  Оттогаш па досега снимил преку 80 филмови. Петре како дел и од Југославија и од Македонија чезнее и мечтае по тоа време или некое слично време, каде што ќе бидеме заедно. Каде што нема да е важно кој е Албанец, кој е Македонец, кој е Бугарин, кој е Грк. Тажен е поради тоа се што се случува кај нас и пошироко.

„Јас ја играм деведестата  минута. Не можам да се пожалам, со една прекрасна професија, мислам дека е една од најубавите. Сметам дека сум бил успешен и во мојот приватен живот. Успеав да изведам на пат и две деца, да создадам една фамилија на која што се гордеам!“,емотивно изјави за екипата на Трн.

Тој додава дека постои максима според која да живееш со актер или актерка е како да живееш со двајца, бидејќи улогите што ги играат влијаат на нивниот карактер и односот кон домашните, меѓутоа тајната на неговата семејна среќа е затоа што дома е Петре, а улогите ги чува за на филм или театар.

Низ разговор со екипата на Трн, особено значајниот Петре Арсовски и за македонскиот филм, но и за македонскиот театар, истакна дека не сака времето да го троши на расправии за кои знае дека однапред дека ќе изгуби.

„И сега ти влегуваш во некоја расправија или дебата во која знаеш дека ќе изгубиш, а знаеш дека си во право и не можеш да го дочекаш времето кое ќе ти докаже дека си бил во право. И си викаш чекај, јас имам уште малку време, можеби месец, два, три, пет, нека бидат и пет години, а да се расправам со тоа. Не можам. Како викаше мојот дедо, сега ми се живее најпојќе“ рече Арсовски за „Трн.мк“.

Изгледајте го до крај интервјуто кое трае 14 минути и 29 секунди. Реткост е денеска да слушнете исакзи на луѓе со толку богато и значајно искуство, и лично и општествено.

Васко Лазаревски

Зачлени се на нашиот е-билтен