Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петров: За Претседател на држава ќе се одлучи според досега сработеното и според анкетите

Премиерската функција е потешка од претседателската, има секојдневни оперативни надлежности. Меѓутоа, репрезентативно и според Уставот, функцијата Претседател е најважната. Сите луѓе имаат легитимно право да се кандидираат, има право и сегашниот Претседател Пендаровски, а како ќе одлучат на крај партиските органи низ процедура во партијата, преку општинските организации кои ги утврдуваат кандидатите и ги доставувааат до централните партиски органи кои одлучуваат околу тоа кој ќе биде претседателски кандидат. Се работи за широк инклузивен процес, секој може практично и да биде самокандидиран, рече Андреј Петров, член на ИО на СДСМ, во емисијата Клик Плус на ТВ21.

„Ќе одлучиме врз бара на досега сработеното, врз база на анкети, и ќе застанеме зад оној кандидат за претседател кој ќе се смета дека има најголеми шанси да стане претседател“, потенцираше Петров.

Тој посочи дека секоја партија има право да се надева на добар исход како и на претходните избори, но она што го гарантира СДСМ е инклузивен процес и демократска атмосфера.

„Ние немаме проблем изборите да бидат заедничкки, она што цело време го зборуваме е тие да бидат во редовен термин. И тоа ќе се случи, изборите ќе се случат во редовен термин, а доколку постои можност да се спојат и претседателските и парламентарните, тоа е добро од повеќе причини, затоа што заштедува пари, нема потреба двојно да се плаќа за едно гласање, но тие треба да бидат во уставни рокови. А за да бидат во уставни рокови постои еден термин кој е лош, 5 мај кога е Велигден, кога би биле во недела, меѓутоа постои можност и спремност доколку успеат да се договорат политичките партии во текот на следната недела, тоа да биде на 8 мај во среда“, рече Петров.

Тој посочи дека првиот редовен термин на претседателските избори е од 14 март, а за парламентарните е 5 мај. Ја оцени како добра можност и изрази подготвеност за посочените термини.

За уставните измени вели дека не го засегаат идентитетот, тие ги отвораат вратите на ЕУ и се многу помалку од она што други држави направиле за влез во ЕУ.

„Имајќи ги предвид тврдите ставови на опозицијата, простор за преголем оптимизам нема. Но она што сакам да верувам дека на крај сите ќе се надминат себе си, и имајќи предвид што значат уставните измени. Уставните измени не го засегаат идентитетот, уставните измени се работа која ги отвора вратите на ЕУ,тие се нешто што многу помалку од она што многу други земји требале да го направат за да влезат во ЕУ, почнувајќи од Британија завршувајќи со Словенија“, рече Петров.

Тој се осврна на изјавите на секретарот на САД Блинкен и канцеларот Шолц и сите кои имаа можност да се изјаснат за ова прашање, дека предлогот е тој и истиот е непроменлив, и е во интерес на Македонија, пред сè имајќи предвид каква беше претходната позиција на Бугарија.

„Колку побрзо ќе почнеме да ја работиме нашата домашна задача, толку тоа е подобро за државата. Ние имавме еден период од 11 години во времето на ВМРО-ДПМНЕ каде што се велеше од поранешниот премиер дека не е битно дали ние ќе пристапуваме кон ЕУ,битно е да ја донесеме Европа дома. Тоа е процес кој не може да се супституира,и најдовбра гаранција е да се налаи криминалот,да имаме демократси институции. Европската унија е семејство кое се заснова на демократски вредности“, рече Петров.

Тој посочи дека од ЕУ не зависи дали ги чистиме улиците и како изгледа Скопје.

„Повалкан град нема од Скопје нема, за тоа не треба ЕУ, туку секој кој се нафатил на функцијата да си ја извршува како треба. На самитот во Блед беше посчено дека има два процеси кои течат заедно, процесот на внатрешно преструктуирање на ЕУ и процесот на проширување, и беше категорично кажано дека имаат зацртанои година – тоа е 2030 – да влезат одредени земји членки. Не може да се стане земја членка без реформи, рече Петроов.

Треба да знаете
Moже да ве интересира