Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата

Вицепремиерот за економски прашање и член на СДСМ, Фатмир Битиќи ги демантира пишувањата на одредени медиуми дека ќе се приклучи кон коалицијата ВЛЕН и дека ќе делува како независен пратеник.

Тој ги повика медиумите и партиите да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на „неофицијално дознава…“.

„Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на “неофицијално дознава…”, напиша во демантот на социјалните мрежи Битиќи.

Тој уште нагласува дека неговото членство во СДСМ и улогата на потпретседател „се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци“.

„Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени. Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата“, порачува на социјалните мрежи Фатмир Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира