„Мислам дека има искривено очекување колку се можностите. Нема влада и нема да има држава ако на структурен начин не ги решава проблемите. Ние пред неполни 5 години, направивме долгорочна стратегија за енергетика. МАНУ кажа дека енергетската транзиција мора да се случи од два извора: приватни и јавни инвестиции. Без приватни инвестиции нема зелена транзиција. И тоа значи дека ние треба да креираме пат за да влегуваат приватни инвеститори и помогнат во енергетската транзиција а секако плановите на државата мора да продолжат. Тие зборуваат и дека ќе бидат потребни околу 4 милијарди евра за таа транзиција. Значи 70% производство од јаглен, да премине во зелена електрична енергија“, рече потпретседателот на СДСМ и потпретседател на Владата на РСМ, Фатмир Битиќи на поткастот „Политиканти“ на Слободен Печат ТВ, на прашањето зошто во енергетиката се е закочено и тешкотијата во убедувањето на стручната јавност за ова прашање.
Тој посочува дека 33 години се учиме дека наместо зголемена конкурентност треба да креираме монополи.
„Јас не сум заинтересиран за енергетика, но мене ме интересира дали ќе имам зелена енергија, која е помалку штетна, дали моите деца ќе дишат чист воздух и секако плаќаат помалку. Ние имаме недостаток од 30 % на енергија, ја увезуваме во овој момент“, рече Битиќи.
„Пред недела дена помина во Собрание Законот за националната развојна стратегија. Потребата од носењето на тој закон беше потпишана од сите координатори на пратенички групи. Знаете зошто? Затоа што од првиот ден седнавме со сите и рековме ова го правиме за државата за следните 20 години. И кога се гласаше за потребата имаше 78 гласови, тоа е скоро 2/3 . Тоа укажува на тоа дека пристапот е битен. Не дека не е возможно во нашето општество, но ние треба малку повеќе да си веруваме. Политиката и политичките идеологии и вредности пред избори. А во другиот период разум, седење и зборување, затоа што имаме една заедничка држава,“ посочи Битиќи на поткастот„Политиканти“.
Во врска со средствата во вредност од 874 милиони евра од ЕУ за спроведување на реформи на државата како дел од евроинтегративниот процес, тој се осврна на јасно пропишаниот план за реформи во различни области со одредени рокови кој како држава сме го усвоиле. Тој додде дека средствата што ЕУ ги дава се врзани со тој план и секое отстапување ќе значи дека срдствата нема да стигнат. Првите средства ќе стигнат после изборите, како поттик за реформите, и ниту цент повеќе ако не бидат исполнети одредени реформи.
„Реформите не значат дека им правиме услуга на ЕУ, си правиме услуга самите на себе“, истакна Битиќи.