Со дигитализацијата на услугите Скопје ќе биде водечки паметен град во регионот, најавува кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.
Шукова ветува модерни дигитални услуги за подобрување животот на граѓаните, особено на младите луѓе. таа вели дека ќе биде креирана дигиталната платформа за поголема ефикасноста на градската администрација за побрзи, поедноставни и поефикасни административни услуги, размена на податоци и документи по електронски пат (Сервисна магистрала – Enterprise Service Bus, Скопје SmartCity).
Сите овие предности, на краток рок, Шукова планира да ги оствари со развој на сеопфатен портал за е-услуги за граѓаните и бизнисите и воведување е-плаќање за сите градски давачки и услуги (како. на пример. е-даноци).
Паралелно со овие мерки, Шукова најавива создавање мобилна апликација за пристап до градски информации и услуги.
На среден рок, нејзината програма предвидува дигитализација на сите административни процеси и услуги и воведување е-управа за подобрување на транспарентноста и ефикасноста.
Во оваа временска рамка таа предвидува и развој на системи за податочни аналитики за подобро донесување одлуки.
Во градската дигитална стратегија на долг рок, Каја Шукова планира создавање просторна база на податоци „град дигитален близнак“, за симулација и планирање на градските проекти.
Во текот на мандатот, доколку го добие, Шукува најавува воведување вештачка интелигенција за подобрување на градските услуги за да трансформација на Скопје во водечки паметен град во регионот.