Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Црн Понеделник, крвав четврток, пцости и навреди и „за малку“ инцидент

Кога во македонкото Собрание „за малку“ ќе избие тепачка, асоцијациите одат назад кон неколку денови од неделата познати како „црниот понеделник, или уште повеќе како „крвавиот четврток“, кога пратениците беа на работ на физичка ликвидација.

Љубиша НИКОЛОВСКИ

Инцидентот што се случи во четвртокот во Собранието за време на пратеничките прашања, по кој знае кој пат создаде грда слика за демократскиот капацитет на македонските пратеници, а со тоа и за севкупниот углед на Собранието како дом на демократијата, каде силата на аргументите на народните пратеници ќе надвладее над силата на мускулите.

Не е дека тепачки нема и во други парламенти ширум светот, вројатно кога размената на мисли не допира до синапсите на соговорникот, па се материјализира во силината на тупаниците.

Ама кога во македонкото Собрание „за малку“ ќе избие тепачка, асоцијациите одат назад кон неколку денови од неделата познати како „црниот понеделник, или уште повеќе како „крвавиот четврток“, кога пратениците беа на работ на физичка ликвидација.

Оттаму кога „крвта зоврива“ лесно е мал инцидент да се претвори во уште една масовна трагедија во која секој против секого ќе се намерачи. Тогаш не помага ниту интервенција на собраниското обезбедување, освен ако и тоа не е во функција на партиско-политичката разврска. Затоа велат на Балканот и зборот може да „убие“.

И сега беше четврток кога заради „збор-пцоста“ дофрлен од пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Зоранчо Јованчев, пламна лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој и онака има краток фитил. Во негов стил веднаш сакаше да се пресмета физички, што не му е прв пат. Таа негова „слабост“ и порано и сега ја користат политичките противници и можат да го наведат на нешто од што тој најмну ќе има последици.

Инцидентот се случи на денот кога редовно има пратенички прашања-четврток. Ако вака се продолжи, секој четврток во нашето Собрание може да биде драматичен.

Несомнено вината лежи и кај пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои не пропуштаат прилика да ги провоцираат колегите од опозициските партии на вулгарен и недоличен начин секогаш кога ќе излезат на говорницата. А потоа вината за евентуален инцицидент ја префрлаат врз нив. Така беше и со пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, така и сега со Апасиев.

Тоа што се во речиси апсолутно мнозинство не им дава за право да ја потценуваат и онака малубројната опозиција и да се потсмеваат на секоја искажана критика или забелешка кон власта. Вака изгледа како да посакуваат и неа да ја снема и сосема непречено самите да си се слушаат од говорницата.

Понекогаш делуваат како да ги измешале лончињата и се однесуваат како да се министри, заборавајќи дека се тука да ја контролираат извршната власт.

Токму како мнозинство треба да се воздржуваат од постапки и говори со кои може да предизвикаат омраза, нетрпеливост и насилство на лична, идеолошка, верска, национална, полова или расна основа, онака како што пишува и во Кодексот за етичко однесување на пратениците. Имено Пратеникот е должен при извршуваањето на функцијата да се однесува со особено внимание и почитување на личнота и угледот на секој поединец и секогаш да води сметка да не го повреди угледот на другите пратеници и на Собранието.

Наспроти тоа, машинеријата на ВМРО ДПМНЕ проработува и тогаш мнозинството врши медиумски терот врз малцинството. Овој пат во налетот на желба да се оправдаат за својот „учинок“ во тепачката, отидоа дотаму што ги напикаа во едно и СДСМ и Левица, обвинувајќи ги дека биле здружени во предизвикување на инцидентот во Собранието.

А ако се бара вина во однесувањето на СДСМ, тогаш таа во најмала рака е што за инцидентот молчеше. Партијата која најмногу страдаше во минатото, која на своја кожа и денеска носи модрици од насилието во Собранието, не најде за сходно да го искоментира и осуди обидот за физичка пресметка и недолично однесување и од страна на лидерот на Левица, но и од страна на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ.

Со тоа јасно ќе покажеше дека, ни тогаш, ни сега, нема да подржува насилие од било кого и дека ќе се бори за подигнување на демократските односи во Праламентот.

Секако иницијална вина има претседатлот на Собранието кој не успева да се носи со ситуации на висок напон и не реагира навреме на провокациите и недоличното однесување на пратениците од место, создавајќи клима на нетолеранција која потоа ги крева стратсите и атмосферата лесно се доближува до точката на конфликт и физичка пресметка.

Зачлени се на нашиот е-билтен