Додека Тимчо Муцунски трча, Македонија стои во место

Муцунски

Кога министер за надворешни работи како Тимчо Муцунски ќе објави дека истрчал 6 километри со својот белгиски колега Максим Прево, тоа за него лично, можеби е симпатичен настан. Но, за јавноста тоа не значи – ништо.

Не треба многу анализа за да се види суштината: ова е ПР без суштина.

Граѓаните не живеат од фотографии и истрчани километри на членовите на владата. Тоа си е нивна работа и не врувам дека некому во Македонија тоа нешто му значи.

На граѓаните им се значајни резултатите.

Ајде да го сведеме ова на едноставен јазик.

Како тоа утринско тоа трчање ќе донесе резултат дека Белгија ќе помогне во деблокирање на македонските евроинтеграции, дека ќе се придвижи некој конкретен проект, или дека ќе се реши реален проблем на Македонците. Дури, не верувам дека и на Муцунски му решава некој проблем.

Само создава проблем. Замислете тој за денеска му наредил на фотографот на МНР да стане рано и да трча по министерот за да го овековечи ова – ништо!

Зашто трчањето ќе имаше смисла како „човечки момент“ во една сериозна приказна. Но, кога единствената „вест“ е дека двајца министри трчале – тоа не е дипломатија, туку маркетинг.

И тоа лош маркетинг.

Зошто?

Затоа што во исто време, реалноста во Скопје изгледа сосема поинаку. Дали Муцунски, додека трчаше во Прево, му кажа дека главниот град во Македонија е меѓу десетте најзагадени во светот; Дали му објасни зошто Скопје има нефункционалната инфраструктура; Дали му зборуваше за реката Вардар која повеќе личи на депонија отколку на европска река…

Дали, додека утринава трчаа покрај луѓето кои со наведнати глави итаа кон своите работни мест замислени, му објасни на Прево дека тие се такви зашто се загржени за цените што растат секој месец.

Дали Муцунски, како член на владата, ги реши сите проблеми на граѓаните за вака опупштено да трчката низ Скопје и да го пласира тоа како некоја содржина која е вредна да биде вест? Дали ПР-от е содржина вредна за објавување и од интерес на граѓаните на Македонија?

Во таков контекст, трчањето со странски колега делува како паралелна реалност – како министерот да живее во друг филм.

Уште поважно прашање: што е пораката?

Ако пораката е „имаме добра лична хемија“, тоа е ептен лична и премала причина за да замара јавност. Дипломатијата не се мери во километри, туку во договори, поддршка и конкретни придобивки за државата.

Ако пораката е „видете нè колку сме модерни и активни“, тогаш тоа веќе личи на елитистички ПР – комуникација што повеќе зборува за имиџот на политичарот отколку за проблемите на граѓаните.

И тука е суштината на проблемот.

Овој тип на ПР создава впечаток дека формата е поважна од содржината. Дека е поважно да се објави нешто, било што, отколку да се каже нешто што навистина значи.

А одговорот на клучното прашање е едноставен:

Дали ова е содржина од јавен интерес?

Не.

Ова е содржина од личен интерес на политичар кој сака да изгледа активен, близок и „европски“.

Без конкретен резултат зад тоа, таа слика останува празна.

Во време кога граѓаните очекуваат решенија, ваквите објави не само што не помагаат, туку можат да создадат и дополнителен гнев.

Зашто: Додека Тимчо Муцунски трча, Македонија стои во место. Додека државата е во криза, министерот во спортска форма и неговиот ПР-от трча побрзо од резултатите.

Оттаму најголемата грешка во политичкиот ПР не е кога е лошо направен, туку кога е празен.

Зачлени се на нашиот е-билтен