Културата на правда која во свои раце од државата и институциите ја презема партијата, ја донесе вмро-дпмне. Заштитата на криминалците во името на националните интереси ја донесе оваа партија со тоа што критериумите според кои нешто е од национален интерес и некој бандит е бранител на тие национални интереси, ги донесува вмро-дпмне
Пишува: Бранко ТРИЧКОВСКИ
Што да се каже, драги пријатели, јас мислам дека Кинг и Шапиро или, дури, Тарантино и и Расел не би се сетиле да напишат сценарио во кое таткото со помош на лихварска група во која важна, ако не и главна улога, играл типот со политички амбиции, коментатор, инфлуенсер, човекот што го молериса Кикифрикита, ја киднапира сопствената ќерка за да изнуди пари од сопругата од која се развел и да расчисти некои комарски долгови.
Девојчето е убиено веројатно во напад на паника кај еден од киднаперите, најверојатно избеганиот молер на новинарски скотови.
Ацо Спасовски е во право, можеби браќата Коен кои на идентична тема во 1996 година го снимија филмот “Фарго”, би можеле да снимат нешто за десет оскари. Таму мажот ма кого му требаат пари го организира киднапирањето на сопругата за да изнуди пари од татко и но работите не се одвиваат според неговиот план.
Но, во сите филмови за слични злосторства авторите се трудат да остават некоја мала трага на човечност кај злосторниците. Такви траги во македонскиот случај нема и можеби затоа убиството на Вања нема да биде филмувано.
Освен ако се покажат точни тврдењата дека координатите за девојчето најверојатно ги дал таткото, и дека таа била собрана од влезот во зградата во која живеела и е однесена со колата на дедо Живко од Велес, кого истата група го убила малку порано. За 500 евра допг!
Да, и ако се земе предвид дека еден пар од осомничените, непосредно по убиството си играле со сопствените деца, си правеле колачиња и си постирале статуси на политички теми.
Каква илустрација на свирепоста и социопатологијата од најстрашен вид.
Па, добро, и за криминалец ти е потребна. минимална интелигенција, како тоа не го разбрале другарите на Палчо и самиот Палчо.
Уште еднаш, сочувство до мајката на Вања и до нејзините роднини, другари и другарки и до блиските на дедо Живко.
Признание за МВР и за Обвинителството кои брзо го расчистија случајот, за жал, без шанси да ги спасат жртвите.
Многу е важно во врска со оваа трагедија да се кажат неколку работи:
Прво, добар дел од јавноста е истовремено и жртва и соучесник во ваквите злодела зато што преку заробените и глупантропизирани медиуми се претвори во инструмент на една злосторничка инсталација која интензивно работи на тоа општеството да се откачи од себе и од своите норми, да се излуди и криминализира, да се шашардиса и да се упростачи, затоа што мисли дека тоа е најпродуктивна метода за разнебитување на Македонија и за расчистување на патот до власта.
Како можевте да мислите дека хистеријата што ја ширите нема да ја најде својата жртва?
Сите телевизии и хистерични портали на лажните вести, на очајот и хаосот, се соучесници во оваа злосторство.
Културата на правда која во свои раце од државата и институциите ја презема партијата, ја донесе вмро-дпмне. Заштитата на криминалците во името на националните интереси ја донесе оваа партија со тоа што критериумите според кои нешто е од национален интерес и некој бандит е бранител на тие национални интереси, ги донесува вмро-дпмне.
Во таква ситуација многубројни се кандидатите што ќе завршат како Вања.
Не само на страната на власта како што многумина мислат, таа машина не познава партиски подели односно тие разлики ги обединува во смртта.
Еве, пред некој ден на платформата Икс имаше објава на имиња на личности, главно новинари, кои ќе бидат први ликвидирани по освојувањето на власта.
Лидерот на малата вмро, едно мало гомце со брада, секој втор ден се заканува со стрелање на луѓето кои тој мисли дека тгеба да се стрелаат. Лидерот на големата вмро не пропушта прилика да каже дека сите што згрешиле ќе одговараат во постапки кои партијата односно тој ќе знаат да ги забрзаат. Нема да има вакво влечење по апелации, па по врховен суд, па по вонредни правни лекови, туку дум дум и готово.
Народот бара ефикасност.
Дури и кога него го убиваат.
Пувлата Метрополитано со денови најавува нова инсталација на Ќосето, главниот кољач на револуцијата, јебала вас револуцијата.
Сите осомничени за убиствито на Вања се од тоа милје. Ќосиња. Со ѕвездите од Кутлеш и со постови кои ја сублимираат не само доктрината на Трета туку и на вмро, исти курац се, дека Европа не ни треба се е таму лага, ништо од националноста не ни признаваат, ќе си седиме тука, сами со нашиот јазик и МПЦ.
Со неверојатна бесчуствителност, незнаење и простоќа.
Па тоа уште Груевски го дефинираше при првата објава по победата на изборите во 2006.
Во последната колумна прашав кога државата мисли да се пребори со внатрешниот непријател. И напишав дека таа борба ќе биде ризична, но не толку колку што е ризично толерирањето на тој непријател па уште и неговото третирање како политички фактор и алтернатива.
Со лидер од кого Американците не би купиле ниту половна кола.
Одбрана која вклучува административни, репресивни, културолошки и медиумски мерки.
И не би гласале за него и неговата пртија.
Медиумите кои се медиуми на непријателот и шират омраза, хаос, небиднина и лажна стварност, не смеат да постојат. Никаква слобода на говорот не може да го оправда нивното присуство на јавната сцена. Затоа што зад себе оставаат жртви. Мртви девојки и старци. Како и на нивните асоцијации. Целата таа екипа на злото секој ден парадира низ различни емисии и го форматира општествениот дискурс. Со години и децении. Паметните се бркаат или изолираат или сатанизираат. Тие ја пропагираат катастрофата на власта и на слободата што секој може да ја чувствува под нивна заштита. На неподносливата леснотија на постоењето под нивната власт. На радоста во злото.
Голем дел од реакциите на јавноста не се добри. Од една страна не изостана традиционалниот натпревар во одредување на висината на казните и на начините на кои треб да се извршат, што е продолжување на културата која доведе до смртта на Вања. И второ, има една нота која покажува дека има луѓе на кои ваквите трагедии им се добредојдени за да се покажат со својот увежбан бес во јавноста кој редовно завршува со рефренот дека од нас држава не бидува. Веројатно како и Франција, Шведска, Германија, Шпанија САД или Хрватска и Игалија кај што секој ден се случуваат најстрашни злосторства.
И од нив не бидува држави но разликата е во тоа што ние си го знаеме лекот: вмро-дпмне, не, фала, кола на старо ќе купам во Црна Гора.