„10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвораат јубилејното издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“

Бузуки

Годинешното јубилејно 20-тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група.

„10-те Бузуки на Домна“ (грчки: Ta 10 Bouzoukia tis Domnas) е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа грчка музика со доминантна улога на бузуки инструментот. Ансамблот е основан од Јанис Карасавас член и основач на ансамблот кој го сочинуваат врвни музичари и виртуози на бузуки, кои преку своите концерти ја претставуваат богатата музичка традиција на Грција. Нивниот репертоар опфаќа rеbetiko, лаико, народни песни од различни региони на Грција, како и современи композиции инспирирани од традиционалните музички форми.

Со настапи на бројни фестивали и културни манифестации во Грција и странство, ансамблот се истакнува по својата енергична интерпретација, виртуозна изведба и автентичен грчки музички израз. Нивните концерти претставуваат музичко патување низ историјата и културата на Грција, пренесувајќи ја атмосферата на грчките острови, градови и традиционални свечености.

Една од целите на овој настан е интензивирање на пограничната културна соработка како алатка за развој на културниот туризам преку промовирање на културното наследство и традиција како сцена и атрактивен туристички мотив, заложба која Локум фест ја промовира со години. Концертот е резултат на соработката со Амбасадата на Република Грција во Скопје и Генералниот конзулат во Битола.

Локум фест е проект од национален интерес поддржан од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2026 г. Оваа година ќе се одржи од 16. до 18.јули. Втората и третата вечер се резервирани за концерти во автентичната атмосфера на Старата битолска чаршија, каде што пред 20 години почна „Локум фест“.

„Митот за Амазонките“

На 17 јули, театарската и балетска компанија „АРТ Денс“, во фрамките на програмата на Оридско лето, на сцената на Долни Сарај, ќе го иведе балетот „Митот за Амазонките“ на прочуениот Артемис Игнатиу (Грција) режисер, кореофраф и уметнички директор на церемонијата на палење и предавање на Олимпискиот пламен.

Театарската и балетска компанија „АРТ Денс“ настапува на бројни сцени и фестивали во Грција и надвор од неа. Тие се официјален претставник на Грција на 10. Танцов фестивал во Лимасол (Кипар) во 2007 година, а настапуваат на отворањето на 6. Фестивал на културата во Пекинг во 2008 година како дел од Културната олимпијада во Кина.

„Митот за Амазонките“ е танцов перформанс кој се базира на античкиот грчки мит за Амазонките, со музика специјално компонирана за оваа претстава.

Компанијата премиерно ја изведува оваа балетска претстава во 2013 година за време на Културниот фестивал во музејот „Бубулина“ во Спетсес во Грција. Во 2014 година овој перформанс е избран од Грчкото министерство за култура да ја претставува Грција на Интернационалниот фестивал во Сус, како и на неколку други фестивали во Тунис.

Претставата се фокусира на двата најпознати мита поврзани со Амазонките, митот за кражбата на златниот ремен од страна на Херкулес и митот за борбата помеѓу Пентесилеја и Ахил, во која Ахил ја убива Пентесилеја, а потоа ѝ го отстранува сребрениот шлем кој ѝ го покрива лицето и вчудоневиден од нејзината убавина, се вљубува во неа.

„Локум фест – музика и традиција“ 2026 започнува величествено! Не пропуштајте го отворањето на фестивалот во Хераклеја.

Најчитано