Д фестивал останува во Дојран, The Festival оди во Штип

Во изјава за „Фокус“ градоначалникот на Дојран Анго Анфов вели дека е „изненаден сум од одлуката на организаторот на ‘Д Фестивал’, тридневниот музички настан кој традиционално се одржува во Дојран од 2011 година, без воопшто да ме контактира мене, како градоначалник на општината, да продолжи со организација на настанот во Штип, наместо во Дојран.

Реакцијата на Ангов доаѓа откако пред неколку дена од продукцијата Пасворд Фестивалот која годинава ќе го организира настанот по 15-ти пат соопштија дека ја менуваат локацијата, па наместо во Дојран каде што одржуваше сите претходни години наназаф, фестивалот ќе го преселат во Штип, под Исарот, со променето име – „The Festival“.

Градоначалникот Ангов, во изјавата за „Фокус“ вели дека Дојран нема да остане без ,,Д Фестивал” и дека фестот останува во нивната општина, на истата локација и во истиот термин во јули со друг организатор.

-Можам да кажам дека Пасворд Продукција се добри организатори и имаа големи барања, на кои ние секогаш се трудевме да излеземе во пресрет. Им обезбедувавме паркинг простор, секоја година општината ја подмируваше нивната сметка за електрична енергија, која воопшто не беше мала, за три дена плаќавме и по околу 500.000 денари. Јасно ни е дека најверојатно бараат поголеми спонзори, и можеби во Штип наишле на такви. Но, да не заборавиме, фестот е традиција на Дојран и останува тука, без оглед на тоа која продукција ќе го организира, дополнува во изјавата градоначалникот на Дојран Анго Ангов.

Тој додава дека првото издание на фестивалот се одржало со поддршка на општината, а по идеја на лице од Словенија, и поради големиот јавен интерес настанот станал традиционален.

Остава простор за договор со Пасворд Продукција, но доколку во наредните денови од продукцијата не ја променат одлуката и останат на тоа настанот да се одржува во друг град, Општина Дојран ќе стапела во контакт со други продукции, кои би застанале зад организацијата на фестивалот.

Зачлени се на нашиот е-билтен