Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Уште во 1903 година Мисирков ја афирмираше посебноста на македонскиот јазик и правопис

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска упати честитки до Институтот за македонски јазик за одржувањето на VIII меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, како дел од одбележувањето 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ и 70 години од основањето на Институтот.

„Како автор на првата книга за македонскиот јазик и правопис, Крсте Мисирков ја утврди и афирмираше нивната посебност и уште во 1903 година ги постави темелите за неговата кодификација“, пишува во честитката министерката са култура.

Костадиновска-Стојчевска уште напиша дека „делото на Мисирков од 1903 година на Мисирков, има посебно место во процесот на современата македонска национална историја и во развојот на македонската национална свест“.

„120 години потоа, ги славиме плодовите од неговиот активизам во Македонскиот револуционерен комитет и од неговото образование на врвни универзитети каде што ја застапувал посебноста на македонскиот јазик и идентитет“, нагласува министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во честитката по повод одржувањето на VIII меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, како дел од одбележувањето 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ и 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик.

Зачлени се на нашиот е-билтен