„За празникот сакавме кирилицата и творештвото на македонски јазик да бидат на пиедесталот. И затоа се одлучивме да активираме светлина. Основната замисла беше да го претставиме македонскиот јазик како светлина која ни го покажува патот кон подобро утре. Тоа нѐ однесе и до критериумот за избор на стиховите и цитатите“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за „Рацин.мк“.
Таа додаде дека во сите избрани стихови преовладува вербата, надежта, погледот кон напред, убавото, светлото, ведрото – со цел да се пренесе целосна позитива кон граѓаните. Костадиновска-Стојчевска додаде дека затоа се избрани стихови кои мотивираат, кои ги опеваат слободата, татковината, љубовта, иднината, желбата за подобро утре – и со тоа се праќа порака дека сме против недовербите, поделбите, угнетувањата и мрачните моменти.
„Знам дека нема човек на кој не му дојде убаво додека ги гледаше светлините исполнети со мотивирачки македонски стихови кои произлегуваат и од народните творештва, но и до современи автори“ рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката додаде дека изминатите 30 години не биле доволно промовирани и доближувани до граѓаните доволно и достојно делата на Конески, Мисирков, Ацо Шопов, Рацин и останатите.
„Денес, кога секојдневно се среќаваме со различните дела од овие и од уште многу македонски великани, сфаќаме постои можност во изминативе 30 години тие да не биле промовирани и доближувани до граѓаните доволно и достојно – јас велам дека може и треба уште повеќе – нивното огромно творештво треба секој граѓанин да го прочита, почувствува и доживее, повеќекратно, на свој начин“ рече Костадиновска-Стојчевска.
Целото интервјуото со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска можете да го прочитате на следниот линк долу: