„О“ на Рунар Рунарсон е прогласен за најдобар филм на „Дрим шорт“

Филмот „О“ на Рунар Рунарсон е прогласен за најдобар на деветтото издание на Фестивалот за краток филм „Drim Short 2025“ што од 7 до 10 август се одржа во Струга.

За најдобар филм во студентската програма е прогласен „Невидлива сестра“ на Нели Рајала, а „Треба да зборуваме за Дилан“ на Умут Шилан Огурлу во регионалната програма.

Во категоријата за најдобар филм од македонската програма, како што соопшти организаторот, специјално признание добил филмот „Зајак“, на Ханис Багашов. За најдобар филм од националната програма бил прогласен „Мала шега“, на режисерот Трифун Ситниковски.

Тимот на Дрим шорт фестивал соопшти дека за најдобар филм во категоријата соочување со минатото бил прогласен „Човекот кој не можеше да молчи“, на Небојша Сљепчевиќ, додека за најдобар филм од публика бил изгласан „Остров“ на Бранко Костески. 

На 9. издание на Дрим шорт фестивал беа прикажани 29 филмови во шест категории, а се одржа и работилница за филмска критика „Соочување со минатото“ и мастер-клас со Никола Ристановски

Зачлени се на нашиот е-билтен