Премиера на театарската претстава „КОСА: Порои на бес“

Коса

„КОСА: Порои на бес“ е црна комедија што го истражува парадоксот на современиот човек сместена меѓу стенд-ап и исповед. Оваа монодрама ги отвора прашањата за токсичната машкост, социјалната надмоќ и невидливите механизми на агресијата што ја обликуваат нашата секојдневност. Бојан Кирковски актерски отсликува серија на живописни и контрастни ликови – од скитници до милионери – претставата создава колаж од гласови кои, секој на свој начин, се обидуваат да ја задржат контролата во свет што одамна ја изгубил рамнотежата.

„КОСА: Пороите на бес“ комбинира хумор и хорор, сатиричност и болка, претворајќи го индивидуалниот немир во општествена дијагноза. Ликовите се смеат, навредуваат, се исповедаат и се распаѓаат, создавајќи еден непрекинат тек на емоции – помеѓу агресија и ранливост, гнев и самоиронија.

Игра: Бојан Кирковски,

текст и режија: Билјана Радиноска,

глас: Ненад Митевски,

аудио-монтажа: Душица Настова,

дизајн на плакат: Соња Ставрова

Премиерните изведби на претставата се закажани во 20:00 часот, во Театар Комедија, по следниов редослед:

4 Ноември – претпремиера

5 Ноември – премиера

6 Ноември – прва реприза

Претстава е продукција на Театар за Магдалена, Бојан Кирковски и Лист Продукција, а поддржана од Министерството за култура и Театар Комедија – Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен