На астероидот Рјугу пронајден редок минерал постар од Земјата

Јапонската вселенска мисија Hayabusa2, која во 2020 година успешно донесе примероци од астероидот Рјугу, открила материјал каков што досега не е пронајден на Земјата.

Научниците во два микроскопски примероци идентификувале минерали за кои се верува дека потекнуваат од самите почетоци на Сончевиот систем. Анализите покажуваат дека овие зрна се формирани пред повеќе од 4,5 милијарди години, што ги прави вистински „космички фосили“.

Според експертите, нивниот состав претставува ретка можност да се проучи граѓата на примарните небесни тела, од кои подоцна се формирале планетите. Овие откритија се особено важни за разбирање на потеклото на водата и органските соединенија на Земјата, бидејќи откриваат како клучните елементи за живот се пренесувале низ раниот Сончев систем.

Зачлени се на нашиот е-билтен