Финска плаќа 2.000 евра за седум дена – работата е да мирисате острови

Туристичката организација Visit Turku Archipelago во Финска отвори конкурс за необична платена работа – избраниот кандидат пет до седум дена ќе патува низ архипелагот Турку, ќе ги истражува неговите мириси и за тоа ќе добие 2.000 евра бруто.

Станува збор за вистински краткорочен работен ангажман со договор, а организацијата ги покрива и трошоците за патување и сместување. Работата ќе се извршува во мај или јуни 2027 година.

Официјалното име на позицијата е „Scent Reviewer“, односно лице чија задача ќе биде да ги истражува и опишува карактеристичните мириси на финскиот архипелаг – од морскиот воздух и боровите шуми до сауните и свежо печениот леб.

Избраниот кандидат ќе патува низ островите, ќе ги бележи впечатоците и ќе треба да ги претстави на начин што ќе може да се користи во туристичката промоција на регионот.

Дел од работата е и фотографирање и снимање видеоматеријали што Visit Turku Archipelago ќе ги користи на социјалните мрежи и другите промотивни канали. На крајот од ангажманот кандидатот ќе треба да подготви и извештај за мирисите што ги идентификувал.

За позицијата не е потребно образование од областа на парфемите или претходно професионално искуство. Кандидатите мора да имаат најмалку 18 години, да располагаат со телефон или друга опрема за фотографирање и снимање и да имаат законско право за работа во Финска.

Огласот е отворен и за кандидати од други земји, но условот за право на работа во Финска мора да биде исполнет и во моментот на пријавување и за време на ангажманот.

Пријавувањето исто така е различно од класичен конкурс за работа. Кандидатите треба да објават кратко видео на Инстаграм или ТикТок во кое ќе помирисаат предмет по сопствен избор и ќе го опишат мирисот.

При изборот ќе се оценуваат начинот на кој кандидатот ги опишува мирисите, настапот пред камера, комуникацијата со публика на социјалните мрежи и целокупната пријава.

Нема да има интервјуа за работа, а изборот ќе биде направен врз основа на видеото и формуларот за пријавување.

Рокот за пријавување е 25 октомври 2026 година. Кандидатите треба да добијат одговор до 10 ноември, а името на избраниот кандидат е предвидено да биде објавено на 17 ноември.

За пет до седум дена работа ќе бидат исплатени 2.000 евра бруто, плус законски предвиден надомест за годишен одмор. Патувањето до архипелагот и сместувањето за време на работата се на товар на работодавачот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Црвено светло: суштински не го признава 648 (38%)
38 %
Чисто зелено: го признава без дилема 435 (26%)
26 %
Жолто светло: ставот на ЕУ останува нејасен 298 (18%)
18 %
Зелено со резерви: го признава, но не доволно уверливо 224 (13%)
13 %
Во магла сум: немам доволно информации 89 (5%)
5 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Црвено светло: суштински не го признава 648 (38%)
38 %
Чисто зелено: го признава без дилема 435 (26%)
26 %
Жолто светло: ставот на ЕУ останува нејасен 298 (18%)
18 %
Зелено со резерви: го признава, но не доволно уверливо 224 (13%)
13 %
Во магла сум: немам доволно информации 89 (5%)
5 %