Во августовското издание на списанието Newsbomb.al, Линда Рама, сопруга на премиерот Еди Рама, даде ексклузивно интервју во кое споделува ретки размислувања за семејниот живот, нејзината јавна улога и актуелните случувања во земјата.
Линда Рама открива дека станала баба по втор пат, по раѓањето на Руи, ќерката на нејзината ќерка Реа.
„ Захо, Ави и Руи се три птици кои, кога сме заедно, нè опкружуваат со неверојатна разновидност на гласови и звуци, плач и смеа, борби, задевања и детски прегратки “, вели таа за атмосферата во нејзиното најблиско семејсно опкружување.
Во интервјуто, Линда Рама нагласува дека одржувала „хигиенска дистанца“ од власта, отфрлајќи го секој обид да ја позиционираат како дел од кабинетот на премиерот.
„ Се соочив со секакви недоразбирања кога луѓе блиски до мене или странци ми се обраќаа како на личност што му може да му дошешне нешто на мојот сопруг“, вели таа.
Таа се задржува и на реакцијата на писмото испратено од пратениците од опозицијата до меѓународните институции, во кое бараат нејзино исклучување од академските ангажмани поради нејзините семејни врски со премиерот.
„Во тој момент, силата против која требаше да се избориме не беа Еди и неговите луѓе, туку јас и моите студии“, вели Линда Рама.

Како експерт за граѓанско општество, Линда Рама ги споделува своите размислувања за некои од најдискутираните дебати во последно време, вклучувајќи го уривањето на дивоградбите за време на туристичката сезона, отпуштањето на директорите во општината и мешањето на извршната власт во локалната самоуправа. Таа, исто така, говори и за однесувањето на нејзиниот сопруг на меѓународната сцена.
Ова е прв пат по 12 години Линда Рама да се согласи да биде дел од насловната страница на списание, носејќи избалансиран наратив помеѓу приватниот живот и јавните ангажмани, коментираат албанските медиуми што пренесуваат делови од интервјуто.