На 25 март 2025 година, актуелните информации за состојбата на пациентите кои беа повредени во пожарот во Кочани се следните: во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти, од кои 12 во Клиничкиот центар, 10 во стара Градска болница, 10 на „8-ми Септември“, и 7 во приватни клиники.
-Одличната вест е дека 12 пациенти денеска се отпишуваат од болниците и се враќаат дома, што значи дека бројот на пациенти што остануваат за лекување во Македонија се намалува на 27. Во странство, 115 пациенти продолжуваат со лекување. Од нив, еден пациент најверојатно ќе се врати од Белград на понатамошно лекување во Скопје, рече министерот Арбен Таравари.
Според информациите од министерот, пациентот е во добра општа состојба, и ќе биде сместен на клиника по извршената тријажа.
Министерот истакна дека состојбата на 4-5 пациенти кои се лекуваат во странство е посериозна, со некои поголеми компликации, но медицинските тимови вложуваат максимални напори за да ги спасат и подобрат нивните здравствени состојби.