Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Агелер: Коридорот 8 е инвестиција во иднината на Северна Македонија, на сите земји, кои ги поврзува и пошироко

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска на свечената церемонија на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8 во своето обраќање пред присутните истакна дека ова е посебен ден за Северна Македонија, за Западен Балкан и за цела Европа, но и многу голем ден за САД и за американскиот бизнис во земјава.

Агелер, која присуствуваше на поставувањето камен-темелникот на Коридорот 8, со што се означи почетокот на изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан нагласи дека подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од витално значење за економскиот развој.

-Ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко. Подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Северна Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи, рече Агелер.

Таа нагласи дека ова е повеќе од една обична инвестиција во патиштата во Северна Македонија, потенцирајќи дека станува збор за инвестиција во иднината на земјава, но и на сите држави поврзани со Коридорот 8 и пошироко.

Агелер изрази благодарност до Владата на Република Северна Македонија, до претставници на „Бехтел и Енка“ и на целите тимови за нивните напори за отпочнување на овој проект.

Американската амбасадорка изрази уверување дека работите ќе се движат брзо и успешно при изградбата на оваа, како што рече, современа патна мрежа, која ќе доведе до зближување на луѓето од регионот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен