Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Американската „Теламон“ отвора нов производствен погон во близина на Скопје за 300 нови работни места

Американската компанија „Теламон“ денеска ќе го отвори новиот производствен погон во близина на Скопје. 

Производствениот погон е со површина од 2.100 метри квадратни и во него ќе се произведуваат електрични кабли за автомобилската индустрија. Се очекува да бидат отворени 300 нови работни места. 

На отворањето на погонот најавено е обраќање на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на „Теламон Индустриал Солушнс“, Том Пуза и на плант менаџерот во „Теламон Европа“ д.о.о.е.л Скопје, Георги Тренкоски. 

Зачлени се на нашиот е-билтен