Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Имаме евидентен прогрес во слободата на медиумите, наша обврска е да ја ставиме земјата на врвот на листата

Фатмир Битиќи

„Убава вест ни пристигна денес за уште еден голем скок на Северна Македонија на индексот на Репортери без граници за слободата на медиумите во светот“ пишува во својата објава на социјалните мрежи заменик претседателот во Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи потенцира дека е „за поздравување прогресот со големи чекори кога од 92 место во 2020, прескокнавме 35 позиции и во 2022 година се најдовме на 57 на оваа листа. Уште позначаен е новиот скок кон врвот за 19 места за оваа година, со што нашата земја се постави на 38 место во последниот извештај на оваа организација за слободата на медиумите во светот“.

Битиќи укажува на листата на Репортери без граници на која Северна Македонија е убедливо најдобра во целиот регион пред Словенија и Хрватска кои се на 50 и 42 место, како и пред Албанија и Србија коишто се на 96 и 91 и Грција на 107 место.

„Ова евидентен прогрес во еден од столбовите на функционалните демократии – слободата на медиумите, е дефинитивен доказ дека е веќе далеку минатото кога државата беше на дното на овие листи. Од овој прогресивен пат враќање назад нема. Нашата обврска е да ги обезбедиме сите услови Северна Македонија да им се придружи на земјите во врвот според слободата на медиумите и изразувањето“, истакнува заменик претседателот во Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Битиќи посочува дека „обврска на Владата е да ги прифатиме сите укажувања како да биде уште подобро и за да создадеме систем во кој новинарите ќе имаат уште поголема слобода активно и критички да ја извршуваат својата професија и дека таа останува на својата силна определба за нула толеранција за секој обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето“.

Зачлени се на нашиот е-билтен