Советник во Советот на Општина Делчево кој сака да остане анонимен откупи 100 влезници за натпреварот Брегалница Делчево – Хоризонт Турново. Средствата од влезниците од овој натпревар кој ќе се одигра во сабота на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” во Делчево ќе бидат наменети за семејствата на загинатите во несреќата во Кочани.
-Овие 100 влезници ќе бидат поделени на членовите на младите категории на ФК Брегалница. Овој позитивен гест за препознавање на нашата хумана идеја нека биде пример за физичките и правните лица од Делчево кои може да обезбедат карти на телефонскиот број 070354021. Се гледаме на стадион, стои во објавата на ФК ,,Брегалница 1926 Делчево.
Како информација за останатите граѓани од клубот додадоа дека влезниците кои се по симболична цена од 50 денари ќе можат да се купат и за време на самиот натпревар.
Екипите на Брегалница 1926 Делчево и Турново се натпреваруваат во Третата фудбалска лига Исток и овој натпревар се игра во рамки на 11 првенствено коло во ова натпреварување кое беше одложено поради несреќата во клубот Пулс во Кочани.